Куцуфљани

Координати: 40°40′N 21°58′E / 40.667° СГШ; 21.967° ИГД / 40.667; 21.967
Од Википедија — слободната енциклопедија
Куцуфљани
Άγιος Παύλος
Куцуфљани is located in Грција
Куцуфљани
Куцуфљани
Местоположба во областа
Куцуфљани во рамките на Негуш (општина)
Куцуфљани
Местоположба на Куцуфљани во општината Негуш и областа Централна Македонија
Координати: 40°40′N 21°58′E / 40.667° СГШ; 21.967° ИГД / 40.667; 21.967
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаНегуш
Општ. единицаНегуш
Надм. вис.&100000000000012500000001,250 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно4
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Куцуфљани (грчки: Άγιος Παύλος, Агиос Павлос; до 1928 година: Κουτσούφλιανη, Куцуфљани[2]) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Негуш, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 15 километри северозападно од градот Негуш, на надморска височина од 1.250 метри.[3]

Сместено е високо на североисточните падини на планината Каракамен (Негуш Планина или Дурла).

Историја[уреди | уреди извор]

И ова село до 1822 година, кога се распаднало поради неговото учество во Негушкото востание, било населено исклучително со македонско население. Долго време не било обновено, но повремено се користело од влашките сточарски семејства, кои летно време ги паселе своите стада во ова подрачје.[3]

Селото било обновено по Првата светска војна, во 1924 година, кога тука биле сместени неколку бегалски семејства од Понд.[3] Во 1928 година, Куцуфљани претставувало мешана населба со 14 бегалски семејства со вкупно 76 жители.[4].

Во 1928 година, името на селото било променето во Агиос Павлос (Άγιος Παύλος; во буквален превод „Свети Павле“).[5]

Повторно се распаднало за време на Втората светска војна бидејќи било жариште на борби и воени операции. По завршувањето на војната не било обновено. Неговите малобројни жители се преселиле во градот Негуш, но повремено ги користат своите имоти, поради што во поновите пописи е регистрирано без жители. Сепак, во последните години е обновено.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селаните, како и иселениците кои повремено го посетуваат, главно ги користат своите имоти за ситно земјоделство.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Обновеното село, првпат се појавува во пописот од 1928 година, како чиста бегалска населба, кога бројот на жители изнесувал 44, а во 1940 година 67 жители. По Втората светска војна, селото повторно се распаднало и само повремено е посетувано од страна на некогашните жители, кои се преселиле во градот Негуш. Бидејќи селото не било обновено, во подоцнежните пописи било забележано како населба без жители, но во последните години некои од нив започнале да се враќаат и да го обновуваат. Во пописот од 1991 година биле забележани 78 жители.[3]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 8 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 4 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 67 78 4 8
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Негуш со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Негуш, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Голема Река, во кој покрај селото Куцуфљани влегуваат и селата Голема Река и Држилово.

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Куцуфљани

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κουτσούφλιανη - Άγιος Παύλος
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 36.
  4. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  5. „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.

Белешки[уреди | уреди извор]