Крива кула во Пиза

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Плоштад на катедралата, Пиза*
Светско наследство на УНЕСКО

Кривата кула во Пиза.
Држава  Италија
Тип Мешан
Критериуми (i)(ii)(iv)(vi)
Навод 395bis
Регион** Европа и Северна Америка
Записно минато
Запис 1987  (11то заседание)
Продолжетоци 2007
* Име според официјален запис на списокот.
** Регион според класификацијата на УНЕСКО.

Кривата кула во Пиза (италијански: Torre pendente di Pisa), или едноставно Кулата во Пиза е ѕвоник, или самостојна кула со ѕвона на катедралата на италијанскиот град Пиза. Изградена е на Плоштадот на катедралата (Piazza del Duomo), во склоп на комплексот кој вклучува и катедрала, крстилница и гробишта. Иако било планирано да стои вертикално, поради лошите темели и слабата почва, кулата се накривила до размери што морала да биде санирана за да не падне. Со својата светски прочуена накривеност, кулата привлекува стотици илјади туристи годишно.[1]

Податоци за кулата[уреди]

Кулата е започната во 1173, а завршена дури во 1372 година, па поради тоа содржи градежни стилови и декорации од различни периоди. Висока е 56,7 метри од повисоката страна, и 55,86 метри од пониската. Sидовите се дебели 4,09 метри во основата и 2,48 метри на врвот. Во основата, надворешниот дијаметар на Кулата е 15,48 м, а внатрешниот 7,37 м. Вкупната маса на кулата се проценува на 14.500 тони. Кулата има 296 или 294 скали, бидејќи на седмиот кат има две скали помалку на едната страна.

На врвот се сместени седум ѕвона според тоновите од музичката скала, од кои најтешкото тежи 3.620 кг.

Во 1987, Кулата, како дел од Плоштадот на катедралата во Пиза, заедно со соседната катедрала, гробишта и крстилница, е прогласена за светско наследство на УНЕСКО.

Санација на кулата[уреди]

До 1964, поради слабите темели и мекото земјиште, кулата се накривила до 5,5 степени кон југозапад од нормалата.[2][3][4]

Во 1964., италијанската влада побарала помош за да се спречи паѓањето на Кулата. Истовремено, побарала и да се задржи накривеноста, затоа што тоа било значајно за развојот на туризмот во Пиза. [5]

На исправањето на Кулата работел меѓународен тим од инженери, математичари и историчари. Било откриено дека накривувањето се должи на помеките темели на пониската страна. Имало повеќе идеи, меѓу кои и да се потпре со 800 тони оловни тегови од спротивната страна за да се спречи накривувањето.[6]

Реставрацијата започнала во 1990, после детални студии и планови. Било решено да се ископаат 38 м³ земја под повисоката страна на кулата, со што таа би се подисправила и би се сопрело накривувањето. По ископувањето на земјата, Кулата се исправила за 45 см, со што се вратила на позицијата од 1838 година. По цела декада реконструктивни и стабилизациски зафати, кулата била повторно отворена за посетители на 15. декември 2001. година, и прогласена за стабилна за барем уште следните 300 години.[6] По реставрациите во 1990 и 2001 Кулата е „вратена“ на 3,9 степени.[7] Со оглед на висината, ова значи дека врвот на кулата отстапува од нормалата за 3,97 метри. [8]

Во мај 2008, по ископувањето на уште 70 тони земја, инженерите прогласиле дека накривувањето на Кулата е запрено за прв пат во нејзината историја, и дека ќе биде стабилна во следните 200 години.[9]

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Информации од веб страната на Кулата
  2. EUROPE | Saving the Leaning Tower“, BBC News (конс. 9 мај 2009).
  3. „Tower of Pisa“. Archidose.org. 17 јуни 2001. http://www.archidose.org/Jul00/071000.html. конс. 9 мај 2009. 
  4. „Leaning Tower of Pisa (tower, Pisa, Italy) - Britannica Online Encyclopedia“. Britannica.com. http://www.britannica.com/EBchecked/topic/333926/Leaning-Tower-of-Pisa. конс. 9 мај 2009. 
  5. Securing the Lean In Tower of Pisa“, The New York Times, 1 ноември, 1987.
  6. 6,0 6,1 Tipping the Balance“, TIME Magazine, 25 јуни, 2001.
  7. „E la Torre di Pisa non oscilla più“. Scienze.TV. 28 мај 2008. http://www.scienze.tv/node/3952. конс. 9 мај 2009. 
  8. tan(3,97 степени) * (55,86 m + 56,70 m)/2 = 3,9 m
  9. Duff, Mark. „Europe | Pisa's leaning tower 'stabilised'“, BBC News, 28 мај 2008 (конс. 5 мај 2009).

Надворешни врски[уреди]

43°43′23″ СГШ 10°23′47″ ИГД /