Кокосова вода

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
млад кокос, подготвен за пиење во Сингапур
млад кокос, подготвен за комерцијална дистрибуција

Кокосова вода е чиста течност која се наоѓа внатре во младите кокосови ореви (плодови на кокосовата палма). Се разликува од кокосовото млеко. При созревањето на плодот кокосовата вода постепено се заменува со кокосовото месо и воздух. Мошне младиот кокос има малку месо, кое пак е мошне меко, речиси како гел. Кокосовата вода веќе е долго време популарна напивка во тропските подрачја, особено во Југоисточна Азија, островите во Пацификот како на пр. на Хаваите и Карибите, каде е достапен свеж, во конзерва или шишиња. Не содржи мрснотии и има ниска калорична вредност (16,7 калории односно 70 килоџули на 100 грама).

Кокосовата вода за пиење внимателно се флашира и се продава низ бројни места. Овие се обично азијски зелени кокосови ореви чија надворешна зелена кора е отстранета а остатокот обвиткан во пластика. Во Централна Америка, особено во Коста Рика и Панама се продаваат на фреквентни автопатишта или на плажите; таму кокосовата вода се нарекува "agua de pipa", при што кокосот се отвора пред самите муштерии за да се уверат дека е свеж. Во Бразил кокосовата вода се нарекува "água de coco", и е најпродаваниот сок по сокот од портокали. Кокосовата вода може исто така што биде достапен и во конзерви или во тетра-пак (честопати со додаден кокосов гел) а се продава и како спортски пијалак поради високите количества на калиум и минерали. Всушност една полна шолја кокосова вода содржи повеќе електролити отколку повеќето спортски пијалации и повеќе калиум отколку бананата

Иако луѓето сакаат различни вкусови на кокосовата вода, претежно најпопуларен е зелениот кокосов орев кој има неколку старосни пеги. Кокосовите ореви од различни места во светот имаат и различен вкус. На пр. индијскиот кокосов орев оди накај посладок, додека бразилскиот има поумерен вкус, а бангладешкиот (поради составот на почвата) е со изразито слатка вода и месо со мала нијанса на соленкост слично на индијскиот.

Кокосовата вода се употребува исто така како интравенозна хидративна течност во некои земји во развој каде што медицинскиот солен раствор не е достапен. .[1]


Состав на кокосовата вода  %
Вода 95.5
Азот 0.05
Фосфорна киселина 0.56
Калиум 0.25
Калциум оксид 0.69
Магнезиум оксид 0.59
mg/100g
Железо 0.5
Вкупно цврсти материи 4.71
Редуцирачки шеќери 0.80
Вкупно шеќери 2.08
Пепел 0.62
Извор: Pandalai, K. M. (1958). Кокосовата вода и нејзината употреба. (Coconut water and its uses) Coconut Bull. 12, No. 5, 167-173.

Берба[уреди]

Продавач на зелени кокосови ореви летно време во Делхи, Индија

Свежите кокосови ореви за пиење вообичаено се берат од дрвјата додека се зелени. Може да се избуши дупка во оревот за да се дојде до течноста и месото. Кај младите кокосови ореви постои можност течноста и воздухот да бидат под притисок и можат благо да прснат кога првин внатрешната лушпа е пенетрирана. Кокосовите ореви кои веќе паднале на земја се подложни на гнилеж и оштетувања од страна на инсекти и животни.

Погледни исто[уреди]

Белешки[уреди]

  1. Campbell-Falck D, Thomas T, Falck TM, Tutuo N, Clem K (2000). „Интравенозна употреба на кокосовата вода (англиски)“. „Am J Emerg Med“ 18 (1): 108–11. PMID 10674546. 
  • Campbell-Falck D, Thomas T, Falck TM, Tutuo N, Clem K (2000). The intravenous use of coconut water. Am. J. Emerg. Med. 18 (1): 108-11. PMID 10674546.
  • Ranti IS, Kwee TIEN BOH, Thio IN LIANG, Tan ENG HOEY (1965). Coconut water for intravenous fluid therapy. Paediatr Indones. 5 (3): Suppl: 782-92. PMID 5873766.
  • Georg A. Petroianu, Melita Kosanovic, Ibrahim Saad Shehatta, Bahaa Mahgoub, Ayman Saleh, Wolfgang H. Maleck (2004). Green coconut water for intravenous use: Trace and minor element content. Journal of Trace Elements in Experimental Medicine 17 (4): 273-82. PMID 14824551.C