Клечевце (археолошко наоѓалиште)

Координати: 42°06′56″N 21°51′11″E / 42.11556° СГШ; 21.85306° ИГД / 42.11556; 21.85306
Од Википедија — слободната енциклопедија
Клечевце

Карта

Местоположба 42°06′56″N 21°51′11″E / 42.11556° СГШ; 21.85306° ИГД / 42.11556; 21.85306
Основни податоци
Место Клечевце
Општина Куманово
Тип

 осамен наод


Период римско време
Портал „Археологија“

Клечевце или Клечовцеархеолошко наоѓалиште во селото Клечевце, Кумановско. Претставува осамен наод од римско време.

На крајот од XIX век во реонот на селото била откриена мермерна ара (жртвеник или олтар) со димензии 77 × 38 × 33 см, во горниот дел оштетена и со латински натписи на предната и на двете бочни страни. Арата ја подигнал некогашниот царски роб Аполонид откако преминал на служба во пограничната станица Ламуд, со што го исполнил дадениот завет од времето кога бил контраскриптор во местото Визијан(а), што веројатно се наоѓало во атарот на ова село.[1] Во чест на ова древно место е наречена денешната фабрика за минерална вода „Визијана“, сместена на север од селото.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 210. ISBN 9989-649-28-6.