Кипарски џуџест нилски коњ

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кипарски џуџест нилски коњ
Период: плеисотцен до холоцен
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Artiodactyla
Фамилија: Hippopotamidae
Род: Hippopotamus
Вид: H. minor
Биномен назив
Hippopotamus minor
Desmarest, 1822[1]

Кипарскиот џуџест нилски коњ (Hippopotamus minor) е изумрен вид на нилски коњ кој го населувал островот Кипар до почетокот на холоценот.

Овој 200 kg тежок нилски коњ бил со слична големина како и пигмејскиот нилски коњ. За разлика од денешниот пигмејски нилски коњ, се смета дека овој вид ја добил својата големина преку процесот на инсуларна еволуција која е последица на ограничениот простор (најчесто острови) на кои нема многу голем генетски диверзитет меѓу индивидуите. Истиот еволуциски процес се забележува и кај џуџестите слонови и пигмејските мамути. Кипарскиот џуџест нилски коњ се проценува дека бил висок 76 сантиметри и долг 121 сантиметар[2].

Во времето кога овој вид изумрел пред 11 000-9 000 години, кипарскиот џуџест нилски коњ бил најголемото животно на островот Кипар. Овој хербивор се смета дека немал природни предатори[3].

Некои археолошки места на Кипар не снабдуваат со докази кои укажуваат на тоа дека овој вид можно е да бил истребен од првите луѓе кои го населувале овој остров[4].

Сличен вид е и критскиот џуџест нилски коњ, кој живеел на островот Крит за време на плеистоценот.



Наводи[уреди]

  1. · Desmarest, A.G., 1822. Mammalogie ou description des espèces de mammifères. Mme Veuve Agasse imprimeur édit., Paris, 2ème part., pp.277-555.
  2. (англиски)Hadjicostis, Menelaos. „Dwarf Hippo Fossils Found on Cyprus“, „Fox Television“, The Associated Press, 6 декември 2007 (конс. 6 декември 2007).
  3. (англиски)Burness, Gary P. and Jared Diamond, and Timothy Flannery, "Dinosaurs, dragons, and dwarfs: The evolution of maximal body size," Proc Natl Acad Sci U S A. 2001 Nov 27 In PDF
  4. (англиски)The earliest prehistory of Cyprus from colonization to exploitation, ed. Swiny, Stuart, American Schools of Oriental Research, 2001, In PDF