Европски нилски коњ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Европски нилски коњ
Период: Плеистоцен
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Artiodactyla
Фамилија: Hippopotamidae
Род: Hippopotamus
Биномен назив
Hippopotamus antiquus
Desmarest 1822[1]

Европскиот нилски коњ (Hippopotamus antiquus) е изумрен вид на нилски коњ кој живеел на територијата на Европа. Овој вид изумрел кратко пред последнето ледено доба кон крајот на плеистоценот. Европскиот нилски коњ бил распространет од Иберискиот полуостров до реката Рајна и од британските острови до Грција[2].

Европскиот нилски коњ е сличен по големина со Hippopotamus gorgops, но е многу поголем од денешниот нилски коњ (Hippopotamus amphibius). Овој вид се смета дека за прв пат се појавил пред 1.8 милиони години (споредено до 2 милиони години за H. amphibius). Од средината на плеистоценот, обичниот нилски коњ исто така живеел во Европа, но не се поистоветува со европскиот вид[3].

Критскиот џуџест нилски коњ (H. creutzburgi) се верува дека потекнува од Европскиот нилски коњ преку процесот на „островска еволуција“ на островот Крит.


Наводи[уреди]

  1. · Desmarest, A.G., 1822. Mammalogie ou description des espèces de mammifères. Mme Veuve Agasse imprimeur édit., Paris, 2ème part., стр.277-555.
  2. "150 Years of Neanderthal Discoveries; Early Europeans - Continuity & Discontinuity," ed. von Koenigswald, Wighart and Thomas Litt, TERRA NOSTRA 2006/2 University of Bonn, in PDF
  3. (англиски) Petronio, C. (1995): Note on the taxonomy of Pleistocene hippopotamuses. Ibex 3: 53-55. PDF fulltext