Карпеста треперка

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карпеста треперка
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Фамилија: Тресиопашки
Род: Anthus
Вид: Карпеста тресиопашка
Биномен назив
Anthus spinoletta
(Linnaeus, 1758)

Карпестата треперка (науч. Anthus spinoletta) е мала врапчевидна птица од фамилијата на тресиопашките (Motacillidae), родот на треперките (Anthus); која се размножува во планините на јужна Европа и јужна, умерена Азија до Кина. Таа е птица преселница на кратки релации, селејќи се на влажните, ниски отворени простори зимно време. Оваа птица ја има во Македонија.

Опис[уреди]

Како и повеќето треперки, и карпестата е незабележителна на земја со својата криптичка обоеност, претежно кафеавкава со посветли и потемни линии одозгора и кремава со темни линии одоздола. Нозете ѝ се темни, опашката бела и има долгнавест темен клун. Летно време има впечатливо перје за време на сезоната на парење - со розовикави гради, сива глава и светла линија над окото.[2][3]

Подвидот на камената треперка (Anthus petrosus) littoralis лете е многу слична на карпестата треперка. Се разликуваат по пеењето,[4] и по живеалиштето, дури и кога живеат во исти области.[5] Карпестата треперка е многу поплашлива и веднаш бега напуштајќи го местото ако ѝ се приближуваш. Двата вида се преклопуваат во својата распространетост само во мала област во централна Азија. [6]

Однесување[уреди]

Живеалиштето на карпестата треперка се тундрите, ливадите со висока трева, но и крајбрежјата. На планините живее до височини каде достига вечниот мраз.

Овој вид се храни со инсекти.

Огласувањето му е експлозивно фит, а песната содржи 5 блока од 6 ноти кои завршуваат со повторливи трилови.[5]

Гнездото го прави длабоко скриено во високата растителност. Несе 4-5 јајца, во април или на почеток на мај, кои ги инкубира само женката 14-15 дена. Потоа обата родитела се грижат за пилињата.

Систематизација[уреди]

Порано, како подвидови на карпестата треперка беа вклучени: камената треперка (Anthus petrosus) и американската треперка (Anthus rubescens) кои сега се издвоени како посебни видови.[7]

Наводи[уреди]

  1. BirdLife International (2012). Anthus spinoletta. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2012.1“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/106008453. конс. 16 јули 2012.  (англиски)
  2. Per Alström & Krister Mild (1996). „The identification of Rock, Water and Buff-bellied Pipits“. „Alula2 (4): 161–175. 
  3. Per Alström & Krister Mild (1987). "Some notes on the taxonomy of the Water Pipit complex" во Proceedings of the 4th International Identification Meeting. {{{booktitle}}}: 47–48, Eilat: International Birdwatching Center. 
  4. V. V. Leonovich, G. V. Deminia & O. D. Veprintseva (1997). „On the taxonomy and phylogeny of pipits (Genus Anthus, Motacillidae, Aves) in Eurasia“ (на Russian). „Biulleten Moskovskogo obshchestva ispytatelei prirody. Otdel biologicheskii“ 102 (2): 14–22. 
  5. 5,0 5,1 R. Bijlsma (1977). „Voorkomen en oecologie van Anthus spinoletta en A. s. littoralis in de uiterwaarden van de Rijn bij Wageningen“ (на Dutch). „Limosa50: 127–136. 
  6. A. A. Nazarenko (1978). „On species validity of Anthus rubescens Tunstall (Aves: Motacillidae)“ (на Russian). „Zoologicheskiy Zhurnal“ 57: 1743–1744. 
  7. George Sangster, Alan G. Knox, Andreas J. Helbig & David T. Parkin (2002). „Taxonomic recommendations for European Birds“. „Ibis144 (1): 153–159. doi:10.1046/j.0019-1019.2001.00026.x. 

Надворешни врски[уреди]