Кантербери (Нов Зеланд)
Околина Кантербери Canterbury Regional Council | |
Земја: | Нов Зеланд |
Регионален совет | |
---|---|
Назив: | Околина Кантербери |
Претседател: | Сер Кери Барк |
Население: | 533,200 јуни 2006 [1] Архивирано на 28 мај 2008 г. |
Површина: | 44,638км2 |
Мрежно место: | http://www.ecan.govt.nz |
Населени места | |
Поголеми: | Крајстчерч, Тимару |
Помали: | Каикоура, Ешбартон, Лестон, Ролестон, Ферли, Темука, Метвен, Ракаиа, Џералдин, Рангиора, Оксфорд |
Составни административни единици | |
Имиња: | Крајстчерч Хурунуи Каикоура Ешбартон Тимару Мекензи Селвин Ваимате Ваимакарири Ваитаки |
Мреж. место: | http://www.ccc.govt.nz http://www.hurunuidc.govt.nz[мртва врска] http://www.kaikoura.govt.nz http://www.ashburtondc.govt.nz http://www.timaru.govt.nz http://www.mackenzie.govt.nz http://www.selwyn.govt.nz http://www.waimatedc.govt.nz http://www.waimakariri.govt.nz http://www.waitaki.govt.nz |
Кантербери (англиски: Canterbury, маорски: Waitaha) — регион во Нов Зеланд кој главно се состои од Кантербериската Низина и околните планини. Главен град на регионот е Крајстчерч, каде се наоѓа Кантерберискиот Регионален Совет и Кантерберискиот универзитет.
Географија
[уреди | уреди извор]Кантербери е најголемиот регион во Нов Зеланд, со површина околу 42,200 км2. Ограничен е со реката Конвеј на север и Јужните Алпи на запад. Јужно границата му ја дефинира реката Ваитаки.
Регионот се дели на Северен Кантербери (северно од реката Ракаиа), Среден Кантербери (од реката Ракаиа до реката Рангитата) и Јужен Кантербери (јужно од реката Рангитата). За многу цели Јужен Кантербери се смета за посебен регион, со седиште во градот Тимару.
Вински региони во Кантербери
[уреди | уреди извор]Кантербери има две главни вински области. Овие се Ваипара и околината на Крајстчерч, која обично се нарекува едноставно Кантербери. Во последно време сортни вина се прават и појужно во Куроу.
Во Кантербери доминира белото вино како from Ризлинг, Совињон Бланк, Шардоне, Гевурцтраминец, и во помала мера Пино Бланк и Пино Гри. Сортата Пино Ноар успева во областа, особено во Ваипара.
Извори
[уреди | уреди извор]- rulers.org (англиски)
- An Encyclopaedia of New Zealand, edited by A. H. McLintock, 1966
- Совет на град Крајстчерч (англиски)
- Регион Кантербери на Ризницата ?
|