Прејди на содржината

Кале (Равен)

Координати: 41°46′57″N 20°51′24″E / 41.78250° СГШ; 20.85667° ИГД / 41.78250; 20.85667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кале

Карта

Местоположба 41°46′57″N 20°51′24″E / 41.78250° СГШ; 20.85667° ИГД / 41.78250; 20.85667
Основни податоци
Место Равен
Општина Гостивар
Тип

 населба  некропола


Период доцноантичко време
среден век
Портал „Археологија“

Калеархеолошко наоѓалиште во гостиварското село Равен. Претставува утврдена населба и некропола од доцноантичкото време и средновековна некропола. Се наоѓа на околу 1 км западно од селото, на висок рид со зарамнето плато, каде се гледаат ѕидови од бедемот на тврдината, градени од кршен камен и варов малтер, дебели и до 2 м. Надворешниот појас на тврдината е исто така граден од кршен камен и варов малтер, а дебелината на овие ѕидови е до 0,60 м. Во подножјето на тврдината, спрема Јеловичка Река се откриени траги од населба -градби изведувани од кршен камен и варов малтер, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси. Најдени се и повеќе монети од Валентијан и Јустинијан. Северозападно од тврдината се откриени остатоци -гробови од доцноантичка некропола, а над неа, во горните слоеви, има гробови од словенска некропола кои се градени од камени плочи -тип циста.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069