Истрага на местото на злосторството: Мајами
| CSI: Miami | |
| Формат | Драма - Полициски процедури |
|---|---|
| Создадена од | Ентони Е. Зикер |
| Настапуваат | Дејвид Карузо Емили Проктер Адам Родригез Канди Александер Џонатан Того Рекс Лин Ева ЛаРу |
| Земја на потекло | |
| Број на сезони | 7, досега |
| Број на епизоди | 142, досега |
| Продукција | |
| Времетраење | 40–45 минути |
| Емитување | |
| Канал на емитување | CBS |
| Формат на слика | 480i (SDTV), 1080i (HDTV) |
| Емитување | 23 септември, 2002 – денес |
|
|
|
Истрага на местото на злосторството: Мајами (англиски: CSI: Miami) е популарна и наградувана американска телевизиска серија. Серијата за првпат се прикажа во 2002 година и досега има освоено една Еми награда за најдобра серија во 2003 година, а следната година повторно беше номинирана, но победата ја однесоа колегите од серијалот ЦСИ: Лас Вегас.
Во Македонија, серијата се емитува на А1 телевизија.
Синопсис [уреди]
Одделот за истрага во Мајами ја има истата функција како и нивните колеги од Лас Вегас, Њујорк. Нивната лабораторија е помала од оние во Лас Вегас и Њујорк, но ја има истата функција, разрешување на сите видови на криминални дејствија, а специјалност им се убиствата во градот познат кај Рајска метропола.
Шеф на одделот е поручник Хорацио Кејн (en.Lt.Horatio Caine), кој на тоа место доаѓа по заминувањето на Меган Донер. Крстен е по писателот Хорацио Алгер. Израснат во Мајами и одлично го познава уличниот живот и при истрагите секогаш се води по инстиктот. Негова специјалност се бомбашките напади, бидејќи и самиот бил дел од таква екипа, па одлично се разбира во монтирање и демонтирање на бомби. Хорацио го игра актерот Дејвид Карузо.