Истрага на местото на злосторството: Лас Вегас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
CSI Las Vegas
250px
Логото на серијата
Формат Драма - Полициски процедури
Создадена од Ентони Е. Зикер
Настапуваат Вилијам Питерсен
Марг Хелгенбергер
Гери Дурден
Џорџ Идс
Џорџа Фокс
Ерик Шманза
Роберт Дејвид Хол
Луиз Ломбард
и
Пол Гилфојл
Најавна песна The Who: "Who Are You"
Земја на потекло Flag of the United States.svg САД
Број на епизоди 182
Продукција
Времетраење 40–45 минути
Емитување
Канал на емитување CBS
Формат на слика 480i (SDTV),
1080i (HDTV)
Емитување 6 октомври, 2000 – денес
Официјална Веб-страница

Истрага на местото на злосторството (англиски: CSI: Crime Scene Investigation или CSI: Las Vegas) е популарна и наградувана американска телевизиска серија за тим форензичари во Лас Вегас и нивните истраги на мистериозни и необични злосторства. Има две спин-оф серии од оваа, а тоа се ЦСИ Мајами (2002) и ЦСИ Њујорк (2004).

Во деветтата сезона која оваа сезона ќе се прикажува во САД, Вилијам Питерсен (Грисом) го напушта тимот, а нови ѕвезди како Лорен Ли Смит и Лоренс Фишбурн се придружуваат.

Во Македонија, серијата се емитувала на А1 телевизија и на МТВ.

Главна идеја[уреди]

Серијата ги следи настаните на одделот за истрага на полицијата во Лас Вегас, обично нарекуван „лабораторија за злосторства на Вегас“. Ентони Е. Зикер одлучил таму да се одвива дејството бидејќи таа лабораторија во Лас Вегас е втора по ред најактивна во САД (прва е ФБИ во Квантико, Вирџинија). Одделот целосно ги прегледува случаите, минувајќи низ сите докази, кои може, а може и да не ги однесе до заклучокот. Често пати, истрагите водат кон табу теми, како на пример сексуална девијација. Бизарните заклучоци на некои случаи често го наметнуваат прашањето за моралот, верувањата, како и природата на човекот во генерала.

Прифаќање на гледачите[уреди]

ЦСИ Лас Вегас, заедно со Опстанок, помогнаа CBS да се искачи на врвот на гледаноста на сите телевизии во САД. Серијата е најгледана скриптирана серија веќе пет сезони по ред, од 2002/2003 до 2006/2007.

Крајот на петтата сезона (2004/2005), е режиран од Квентин Тарантино и е насловен „Смртна опасност“. Оваа епизода беше гледана од повеќе од 35 милиони гледачи на 19 мај 2005.

Број на епизоди[уреди]

1-4 сезона – 23 епизоди
5. сезона – 25 епизоди
6-7 сезона – 24
8. сезона - 17

Гледаност во САД[уреди]

Вкупна гледаност по сезони.

Сезона Термин Премиера Финале ТВ сезона Рангирање Гледачи
(in millions)
Прва[1] Петок 21:00
(од 6 октомври 2000 -12 јануари 2001)
Четврток 21:00
(од 1 февруари 2001)
6 октомври 2000 17 мај 2001 2000-2001 #10 17.80
Втора[2] Четврток 21:00 27 септември 2001 16 мај 2002 2001-2002 #2 23.69
Трета[3] Четврток 21:00 26 септември 2002 15 мај 2003 2002-2003 #1 26.20
Четврта[4] Четврток 21:00 25 септември 2003 20 мај 2004 2003-2004 #2 25.27
Петта[5] Четврток 21:00 23 септември 2004 19 мај 2005 2004-2005 #2 26.26
Шеста[6] Четврток 21:00 22 септември 2005 18 мај 2006 2005-2006 #3 24.86
Седма Четврток 21:00 21 септември 2006 17 мај 2007 2006-2007 #4 20.51
Осма Четврток 21:00 27 септември 2007 15 мај 2008 2007-2008 #5 18.06
Деветта Четврток 21:00 9 октомври 2008 14 мај 2009 2008-2009 - -

Белешки[уреди]

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]