Икер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Икер
Uckerkanal-Nordblick-Fliessrichtung.JPG
Каналот Укер кај Зехаузен (Укермарк)
Место Германија, Бранденбург и Мекленбург-Западна Померанија
Должина 98 км
Извор кај Алт Темен
53°04′05.18″ СГШ 13°42′49.14″ ИГД / 53.068107, 13.713652
Висина на изворот 69 м над мор. ниво
Утока во Шчеќински Залив
53°45′00″ СГШ 14°04′01.2″ ИГД / 53.75, 14.067
Слив Икер
Одлив Шчеќински Залив
Слив 2.200 км²
Истек Просечен среден:   7,65 м³/с
Десни притоки Рандов, Зеграбен, Милграбен
Леви притоки Шифе Мене (Кентоп), Беке, Куграбен, (Штрасбургер) Милбах, Кинапелграбен, Хамерграбен
Езера Големо Кринертско, Дистерско, Миленско, Берендско, Големо Ланке, Оберукерско, Унтерукерско
Паланки Пренцлау, Пазевалк, Торгелов, Икерминде

Икер или Укер[1](германски: Uecker или германски: Ucker) е река во североисточните германски покраини Бранденбург, каде е позната и како Укер, и Мекленбург-Западна Померанија. Нејзиниот извор се наоѓа во округот Укермарк, близу селото Алт-Темен. Тече северно низ Оберукерското, Моленското и Унтерукерското Езеро, каде се наоѓа стариот град Пренцлау. Близу малото село Ниден (на граница помеѓу Бранденбург и Мекленбург-Западна Померанија), Укер го менува името во Икер. Продолжува северно низ градовите Пазевалк и Торгелов и поминува низ општината Егесин. Тука се влива реката Рандов. Во Икерминде, Икер се влива во Шчеќинскиот Залив, кој е поврзан со Балтичкото Море низ трите премини Пене, Швина и Ѓивна.

Името „Икер“ потекнува од полапскиот збор vikru/vikrus, кој означува „брз“.[2] Икер го дели своето име со историската област Укермарк, округот Укермарк и поранешниот округ Икер-Рандов.

Наводи[уреди]

  1. Leciejewicz, p. 58
  2. Heinrich, p. 382