Рандов

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Рандов
Ucker–Uecker, Randow, Welse.png
Рандов
Место Германија, Мекленбург-Западна Померанија, Бранденбург
Утока на север: во Егезин во Икер
на југ: северно од Пасов во Велзе
53°41′25.41″ СГШ 14°03′55.58″ ИГД / 53.690392, 14.06544
Десни притоки Клајне Рандов, Плевеншер Абцугсканал, Прамграбен, Винкелманс Грабен, Шилербах
Леви притоки Гренцграбен, Зеграбен
Паланки Егезин

Рандов (германски: Randow; полски: Rędowa[1]) е река во областа Укермарк, во сојузната покраина Бранденбург, и областа Западна Померанија, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, која се јавува и како граница помеѓу овие области. Древното име и е Лохница, според кое е наречен градот Лекниц. Од 1700 се користи исклучиво Рандов.

Нејзиниот извор се наоѓа близу Пенкун, од каде реката тече кон север и кон југ. Јужниот дел се влива во реката Велзе, додека северниот дел се влива во Икер, само неколку километри пред да се влие во Шчеќинскиот Залив. Мочуришната долина на Рандов е позната како Рандовбрух (Randowbruch). Реката го дала своето име на поранешниот округ Икер-Рандов во Мекленбург-Западна Померанија, како и на историскиот округ Рандов во покраината Померанија.

Wasserwanderrastplatz an der Randow.JPG

Наводи[уреди]

  1. Lech Leciejewicz: Słowianie zachodni : z dziejów tworzenia się średniowiecznej Europy. Wrocław: Zakład Narodowy im. Ossolińskich, 1989, p. 58. ISBN 83-04-02690-2