Прејди на содржината

Зелена игуана

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Игуана (зелена))
Зелена игуана
Зелена игуана во зоолошката градина „Санта Фе“ во Медељин, Колумбија.
Неоценет (МСЗП 3.1)
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Влекачи
Ред: Лушпари
Семејство: Игуани
Род: Игуана
Вид: Зелена игуана
Научен назив
Iguana iguana
(Linnaeus), 1758
Синоними
  • Iguana iguana rhinolopha Wiegman, 1834
  • Lacerta Igvana Linnaeus, 1758
  • Iguana minima Laurenti, 1768
  • Iguana tuberculata Laurenti, 1768
  • Iguana coeruleaDaudin, 1802
  • Iguana vulgaris Link, 1806
  • Iguana sapidissima Merrem, 1820
  • Iguana squamosa Spix, 1825
  • Iguana viridis Spix, 1825
  • Iguana emarginata Spix, 1825
  • Iguana lophryoides Spix, 1825
  • Prionodus iguana Wagler, 1828
  • Hypsilophus tuberculatus Wagler 1830
  • Iguana hernandessi Jan 1857
  • Iguana iguana rhinolopha Wiegman, 1834
  • Hypsilophus rhinolophus Fitzinger, 1843
  • Iguana rhinolopha Dumeril & Bibron, 1837
  • Iguana rhinolophus Günther, 1885

Зелена игуана (науч. Iguana iguana) — голем растителнојаден вид на гуштер од родот игуана кој живее во Средна и Јужна Америка. Зелената игуана расте до 1,5м и достигнува тежина до 10кг. Поради својот егзотичен изглед, зелената игуана е популарна и како домашен миленик.

Зелените игуани се дневни животни кои често се качуваат по растенијата и се наоѓаат близу до вода.[1][2]

Поради популарноста во трговијата со домашни миленици и како извор на храна во Латинска Америка, тие се на листата за контрола на трговијата со животни.[3]

Зелените игуани имаат низа од боцки на грбот и опашката кои ги штитат од грабливците.[2] Опашот го користат како камшик кога се бранат од напаѓачи, а како и кај многу други гуштери, тој може да отпадне и да се регенерира.[4][5] Подбрадокот го користат за регулирање на температурата, а исто така и за додворување.[2][6][7][8]

Зелените игуани имаат одличен вид, но само дење. Гледаат и ултравиолетова светлина. Тие имаат и трето око на врвот на главата, тнр. париетално око, со кое можат да забележат промени во осветленоста и им служи за заштита од грабливци.[9]

Однесување

[уреди | уреди извор]
Црвеникава зелена игуана

Игуаните се вешти качувачи по дрва, а можат да паднат и од 15 метри висина без да се повредат.[2][5][6]

Кога времето е студено и влажно, тие повеќе сакаат да се на земја кајшто е потопло.[10] Игуаните се одлични пливачи, и кога пливаат ги држат нозете лабаво во водата, а управуваат со силни движења на опашот.[10]

Кога се уплашени од грабливец, игуаните се обидвуаат да побегнат. Ако има вода во близина нурнуваат во водата и отпливуваат.[10] Ако се притеснети, ќе се издолжат, ќе го надуваат телото, и го покажуваат подбрадокот.[2] Ако опасноста продолжи, може да замавнат со опашот како со камшик. Ранетите животни се поагресивни.[10]

Зелените игуани климаат со главата на различни начини за да изразат разни социјални интеракции, како на пример при додворување, или за да поздрават друга игуана. Брзината и бројот на климнувања имаат различно значење.[2]

Соколите се хранат со зелените игуани и кога ќе го чујат писокот на сокол игуаните се смрзнуваат. Ова го користат луѓето за лов: со свирче слично на писок на сокол ќе ги натераат игуаните да останат во место и така полесно ги фаќаат.[10]

Игуаните се претежно хербиворни, се хранат со лисја, цветови, овошје и млади ластарки од над сто разни видови растенија.[11] Ова им претставува проблем за осморегулацијата бидејќи растителната материја содржи повеќе калиум, а помалку хранливи состојки во единица материја; затоа игуаните имаат развиено странична носна жлезда преку која се излачува вишокот на соли на калиум и натриум.[12] Зелените игуани имаат остри заби со кои можат да сомелат и тврди лисја. Забите им се сместени на внатрешната страна на вилиците, затоа тешко се забележуваат.[8]

Размножување

[уреди | уреди извор]

Зелените игуани се размножуваат преку јајца: женката снесува 20-70 јајца еднаш годишно за време на сезоната на гнездење. Потоа го напушта гнездото, и не ги чуваат младите, кои се излегнуваат по 10-15 недели инкубација.[4][13]

Како домашен миленик

[уреди | уреди извор]

Трговијата со миленичиња во САД ги прави игуаните мошне барани: 800.000 игуани биле увезени во САД само во 1995., главно од Хондурас, Ел Салвадор, Колумбија и Панама.[14] Но, овие животни бараат соодветна грижа, и голем број умираат за неколку години од купувањето.[7] Зелената игуана бара температура од 24-32 C и мора да има соодветен извор на ултравиолетова светлина.

Кога се чуваат дома, игуаните престануваат да бегаат од луѓето, но само после некое време за кое постојано биле во интеракција со нивниот сопственик.[7] За разлика од кучињата и мачките, не сакаат да се мазат, земаат во раце и сл.

Во заточеништво, зелената игуана може да живее 20-35 години.[15]

Една сина игуана од родот Cyclura фатена на Големиот Кајман е најдолговечниот гуштер - живеела 69 години од кои 54 во заточеништво.[16]

Здравите домашни игуани се внимателни животни кои може да се научат да вршат нужда на одредено место, дури и на тоалетна школка.[17]

Повеќето ветеринари немаат тренинг за лекување на игуаните.[18]

Социјализацијата на игуаната може да трае неколку години.[19] Таа има индивидуалност, која бара адаптација и од страна на сопственикот. После 5-10 години, игуаната може да покаже приврзаност слична на миленичиња - цицачи, дури и да е анксиозна кога одвоена од сопственикот.[7] [20]

Во исхраната на луѓето

[уреди | уреди извор]

Игуаната се употребува во исхраната на луѓето во Централна и Јужна Америка барем во последните 7000 години. Се верува дека популацијата на игуани на Карибите е донесена таму од луѓето како извор на храна.[10][21]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Cogger, Harold; Zweifel, Richard (1992), Reptiles & Amphibians, Sydney, Australia: Weldon Owen, стр. 140, ISBN 0831727861
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Samuelson, Phillip (6 January 1995), „The Lizard King“, Reptiles Magazine, 3 (2): 64–84CS1-одржување: датум и година (link)
  3. „Appendices I,II, and III“, Convention on International Trade in Endangered Species of Wild Fauna and Flora, 13 September 2007, Посетено на 28 October 2007CS1-одржување: датум и година (link)
  4. 4,0 4,1 Capula, Massimo (1989). Simon & Schuster's Guide to Reptiles and Amphibians of the World. New York: Simon & Schuster. ISBN 0671690981. Укажано повеќе од еден |author= и |last= (help)
  5. 5,0 5,1 Rosenfeld, Arthur (1989), Exotic Pets, New York: Simon & Schuster, стр. 105, ISBN 067147654 Проверете ја вредноста |isbn=: length (help)
  6. 6,0 6,1 Bebler, John L.; King, F. Wayne (1979), The Audubon Society Field Guide to Reptiles and Amphibians of North America, New York: Alfred A. Knopf, стр. 511–512, ISBN 0394508246
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 De Vosjoli, Phillipe; David Blair (1992). The Green Iguana Manual. Escondido, California: Advanced Vivarium Systems. ISBN 74886904040 Проверете ја вредноста |isbn=: length (help).
  8. 8,0 8,1 Conant, Roger; Collins, Joseph (1991). A Field Guide to Reptiles and Amphibians Eastern/Central North America. Boston, Massachusetts: Houghton Mifflin Company. стр. 94–95. ISBN 0395583896.
  9. Brames, Henry (2007), „Aspects of Light and Reptile Immunity“, Iguana: Conservation, Natural History, and Husbandry of Reptiles, International Reptile Conservation Foundation, 14 (1): 19–23
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 10,4 10,5 Swanson, Paul L (1950), „The Iguana: Iguana iguana iguana“, Herpetolgica, 6: 187–193
  11. Lazell, J.D. (1973), „The lizard genus Iguana in the Lesser Antilles“, Bulletin of the Museum of Comparative Zoology, New York, 145, стр. 1–28
  12. Hazard, Lisa C. (2004), „Sodium and Pottassium Secretion by Iguana Salt Glands“, Iguanas: Biology and Conservation, University of California Press, стр. 84–85, ISBN 9780520238541
  13. Burghart, Gordon (2004). Iguana Research: Looking Back and Looking Ahead. Iguanas: Biology and Conservation. University of California Press. стр. 5–10. ISBN 9780520238541.
  14. „Green Iguana“, Reptiles and Amphibians Fact Sheets, Smithsonian National Zoological Park, 2007, Архивирано од изворникот на 2011-08-19, Посетено на 2008-03-27
  15. "Iguanas". EnchantedLearning.com. Посетено на 2007-06-27. Надворешна врска во |work= (help)
  16. Adams, Colette (26 мај 2004), „Obituary“ (PDF), Iguana Specialist Group Newsletter, 7 (1): 2, Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-08-12, Посетено на 2008-03-27CS1-одржување: датум и година (link)
  17. Eguro, Marie. "How to Toilet Train Iguanas". ThoughtShop Networks. Посетено на 2007-06-27.
  18. "Iguana Health". The Iguana Den. Посетено на 2007-06-27. Надворешна врска во |work= (help)
  19. McLeod, Lianne. "What to Expect with a New Iguana". Handling Pet Iguanas. About.com. Посетено на 2007-06-27.
  20. Lizardlover, Henry (1992). "Into the Iguana; Potential Behavior & Attitudes of the Iguana". Iguana Owner's Manual. TodaysPlanet.com. Посетено на 2007-06-27.
  21. Coles, William (2002), „Green Iguana“ (PDF), U.S.V.I. Animal Fact Sheet #08, Department of Planning and Natural Resources US Virgin Islands Division of Fish and Wildlife Во овој регион, тие се употребуваат како извор на месо и често се нарекуваат „бамбусови кокошки“ или „кокошки од дрво“ (gallina de palo)