Малоантилска игуана
| Малоантилска игуана | |
|---|---|
| Заштитен статус | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Животни |
| Колено: | Хордови |
| Класа: | Влекачи |
| Ред: | Лушпари |
| Фамилија: | Игуани |
| Род: | Игуана |
| Вид: | Малоантилска игуана |
| Биномен назив | |
| Iguana delicatissima Laurenti, 1768 |
|
Малоантилската игуана (Iguana delicatissima) е еден од двата вида на родот игуана. Ендемски е на Малите Антили и е во големо опаѓање поради уништувањето на животната средина, грабливците, ловот и мешањето со неговиот сестрински вид на Зелена игуана.
Малоантилската игуана е распространета низ шумите, прашумите и крајбрежната вегетација на островите Ангиља, Сент Мартин, Антига, Гваделуп, Доминика и Мартиник. Таа е и одличен пливач и бега и нурнува во вода во случај на опасност. Забележан е случај кога останала под вода 28 минути.[1]
Најочигледната разлика со зелената игуана е недостатокот на кружната плочка на образот под ушниот канал. Бојата се движи од од сива до зелена.
Содржина |
Исхрана[уреди]
Игуаните се претежно хербиворни, се хранат со лисја, цветови, овошје и млади ластарки од над сто разни видови растенија.[2] Ова им претставува проблем за осморегулацијата бидејќи растителната материја содржи повеќе калиум, а помалку хранливи состојки во единица материја; затоа игуаните имаат развиено странична носна жлезда преку која се излачува вишокот на соли на калиум и натриум.[3]
Заштита[уреди]
Бидејќи е ранлив вид, малоантилската игуана е ставена на црвената листа на Меѓународниот сојуз за заштита на природата. Таа е заштитена од лов со закон, но спроведувањето на оваа заштита е многу тешко поради недостапноста на терените кајшто живее. Покрај ловот, малоантилската игуана исчезнува и поради мешањето со зелените игуани, а и поради уништувањето на животниот простор за земјоделски потреби од страна на луѓето. Други закани се кучињата, мачките и мунгосите. [4]
Поврзано[уреди]
Наводи[уреди]
- ↑ Moberly, W.R. Comp. Biochem. Physiol. 27:21-32, 1968.
- ↑ Lazell, J.D. (1973), „The lizard genus Iguana in the Lesser Antilles“, „Bulletin of the Museum of Comparative Zoology“ (New York): стр. 1-28
- ↑ Hazard, Lisa C. (2004), „Sodium and Pottassium Secretion by Iguana Salt Glands“, „Iguanas: Biology and Conservation“ (University of California Press): стр. 84-85, ISBN 9780520238541
- ↑ Day, Mark; Breuil, Michel; Reichling, Steve (2001), „Taxonomic Account Lesser Antillean iguana Iguana delicatissima“, „IUCN Iguana Specialist Group“, http://www.iucn-isg.org/actionplan/ch2/lesserantillean.php