Игра во ’ржта

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Игра во ’ржта“  
Rye catcher.jpg
македонското издание
Автор Џ. Д. Селинџер
Наслов на
оригиналот
The Catcher in the Rye
Изработувач на
корицата
Мајкл Мичел
Земја САД
Јазик англиски
Жанр(ови) роман
Издавач Литл, Браун и Компани
Издадена 16 јули, 1951
Медиум Печатена (тврди & меки корици)
Страници 214
OCLC 287628

Игра во ’ржта“ е првиот роман на американскиот писател Џ. Д. Селинџер. Издаден бил во 1951 год. и доживеал огромна популарност помеѓу тинејџерската публика, бидејќи обработувал теми од бурниот младешки живот како бунт, осаменост, отуѓување, збунетост и револт спрема постојниот тек на работите.[1] Романот е преведен на речиси сите светски јазици, а неговата продажба на глобално ниво изнесува 65 милиони примероци.[2][3] Главниот лик во делото, антихеројот Холден Колфилд, станал икона и синоним за тинејџерскиот бунт и непослушност.

Книгата редовно се наоѓа во изборот на најдобри книжевни остварувања на 20 век, направен од страна на угледните светски списанија.[4] Добар дел од литературната критика била против експлицитниот уличен жаргон кој се користел во книгата, како и против ставовите и размислувања на Колфилд во врска со сексот.[5] Освен тие теми, во „Игра во ’ржта“ се отворени низа други комплексни прашања како идентитетот, припадноста, меѓусебните врски и самотијата.

Симболика на делото[уреди]

Ако некој сретне некого додека низ ’ржта оди - ... Сега сеедно, постојано замислувам многу мали дечиња како играат во едно големо житно поле. Илјадници мали деца, а во близина нема никој... никој возрасен, мислам... освен мене. А јас стојам на самиот раб од една страшна бездна. Што ми е должноста, треба да го уловам секој кој ќе се залета кон бездната, сакам да кажам, ако некој трча не гледајќи каде оди, јас треба да се појавам од негде и да го уловам. Тоа е сѐ што треба да правам цел ден. Да бидам ловец во ’ржта. Знам дека тоа е лудо, но тоа е единственото што би сакал да бидам. Знам дека е лудо.

извадок од романот

Холден Колфилд е 16-годишник кој раскажува за своето заминување од интернатското училиште од кое го бркаат и за неговото пристигнување во Њу Јорк. Неговата средба со градот, со хотелите, со таксистите, разните ноќни дружења се опишани со младешкиот жаргон. Преку овој лик, авторот ја афирмирал детската наивност и неконвенционален однос кон празнотијата на материјалното изобилство. Холден бил прикажан како еден просечен тинејџер. Тој си имал свои проблеми и на светот гледал на свој начин. Малку бил проблематичен, но сепак покажувал знаци на разумност. Мислел дека светот не може да му го пружи она што тој го сакал. Во суштина, Колфилд не бил лош, иако често бегал од соочување со проблемите и се вплеткувал во секојдневни глупости. Не знаел што бара поради тоа што бил изгубен и дезориентиран во надворешното опкружување.

Културно влијание[уреди]

Романот веднаш стасал на врвот на листата на бест-селери на Њу Јорк Тајмс, а главниот јунак Холден Колфилд постанал митска личност, алтер-его за многу генерации изгубени тинејџери, не само во Америка, туку насекаде каде што романот бил преведен и објавен. Со текот на времето, оваа книга станала дел од наставната програма во средните училишта ширум светот.

Популарноста на „Игра во ’ржта“ и натаму не се намалува. Во изминативе 50 години, само во САД се испечатени преку сто изданија, со вкупен тираж од преку 10 милиони примероци. На речиси сите ранг листи на најдобри американски романи е при самиот врв, а според многу мислења, ова дело е најдоброто воопшто што некогаш било објавено во Америка.

Наводи[уреди]

  1. Мајкл Карт. „Карт Бланш: Најдобрите романи првенци“, „Нивниот список“, 15 ноември, 2000 (конс. 20 декември 2007).
  2. Маџил, Френк Н. (1991). „Џ. Д. Селинџер“. „Анкета околу квалитетот на амриканската литература“. Њу Јорк: Маршал Кевендиш корпорација. стр. 1803. ISBN 1-85435-437-X. 
  3. Според листата на најпродавани книги во светот. Претходната бројка беше над 20 милиони: Џонатан Јардли. „Џ. Д. Селинџеровиот Холден Колфилд, безвремениот бунтовник“, „Вашингтон Пост“, 19 октомври, 2004 (конс. 21 јануари 2007).
  4. Гросман, Лев, Ричард Лакајо. „Најдобрите 100 романи на сите времиња: Целосен список“, „Тајм“, 16 октомври, 2005.
  5. Џеф Гин. „„Игра во ’ржта“ - 50 години подоцна“ (слободна нарачка), „Вести на Тајмс“, 10 август, 2001 (конс. 18 декември 2007). Alternate URL

Надворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со:

Поврзано[уреди]