Холден Колфилд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Холден Колфилд
Цртеж на Холден Колфилд
Прво појавувањеИгра во ’ржта
СоздавачЏ. Д. Селинџер
Информации
Полмашки
Занимањеученик
СемејствоКолфилд
РодниниФеба Колфилд (сестра)
Ели и Д. Б. (браќа)
НационалностАмериканец

Холден Колфилд е 17-годишниот главен лик од романотИгра во ’ржта“ на Џ. Д. Селинџер. Помеѓу читателите ужива статус на тинејџер кој одбива да порасне и е решен да ја задржи детската невиност. Веднаш по излегувањето на книгата во 1951 г. Холден станал синоним за адолесцентските сфаќања и бунт, и е еден од највпечатливите романескни ликови во американската литература на 20 век. Освен во споменатото дело, Колфилд се појавува и во неколку други раскази од истиот писател.

Постојат некои мислења дека Селинџер го составил името на овој јунак спојувајќи ги презимињата на глумците Вилијам Холден и Џон Колфилд, кои се настапиле во филмотДраги Рут“ (1947). Но, ликот на Селинџер првпат се појавил во неговиот расказ „Јас сум луд“ (1945), година и пол пред да излезе филмот.

Изглед и психолошки профил[уреди | уреди извор]

Едни од најтипичните и највоочливи одлики на Холден Колфилд се неговите одвратност и гадење спрема лажното и лицемерно поведение на луѓето од неговото блиско опкружување. Неговите пренагласени подбивност и сарказам во однесувањето и говорот со ликовите со кои доаѓал во допир го прават во некоја мера непожелен во повеќето средини каде во даден момент се наоѓал. Она што го прави трагичен лик било тоа што тој поседувал некои од особините кои ги презирал. И неговиот физички изглед бил доста контрадикторен: Беше висок околу 190 см, повеќе од просекот за неговата возраст, а неговото однесување повеќе наликуваше на 13-годишник отколку на зрел човек. Постојано паѓаше години во разни училишта, се нарекуваше себеси „клапчо“, но сепак покажуваше знаци на некаква интелигенција преку логичното расудување за настаните од неговото друштво. Идејата на книгата можеби била да се прикаже Холденовата критика кон општеството, кое не било способно да ја препознае неговата скриена остроумност.

Улога во „Игра во ’ржта“[уреди | уреди извор]

Холден Колфилд е главниот јунак и раскажувач во романотИгра во ’ржта“. Во делото се раскажани дните на Колфилд по неговото исклучување од училиштето Пренси Преп. Раскажувачкиот јазик и стил на Холден се исполнети со цинизам и иронија, а често е користен и тинејџерскиот сленг. Прикажан е како лекомислен, но искрен лик кој не можел да го пронајде своето место во светот на возрасните. Самото момче истовремено е и премногу едноставно и премногу комплексно за да изведеме конечен заклучок за неговите постапки: Можеби нема да погрешиме ако кажеме дека Холден беше роден во свет на лицемерието и расипништвото. (коментар на Џ. Д. Селинџер)[1]

Културно влијание[уреди | уреди извор]

Холден Колфилд е еден од најспоменуваните и најдебатирани фиктивни ликови на 20 век низ американската јавност.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Раскази од Џ. Д. Селинџер

Фан организации

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Од последната страница на „Игра во ’ржта“
  2. „Популарни натписи на облека“. Архивирано од изворникот на 2012-11-03. Посетено на 30 август 2012.