Знаме на Парагвај
Знамето на Парагвај е единствено знаме во светот кое што има различни грбови на лицето и опачината на знамето.
Знамето е тробојно (црвена, бела и сина боја). На средината на белата пруга се наоѓа грб. Од едната страна е грбот на Парагвај кој се состои од два концетрични кругови во кои се наоѓа жолта ѕвезда петокрака околу која има зелено гранче а погоре стои слоганот REPUBLICA DEL PARAGUAY (шпански: Република Парагвај). Од обратната страна на знамето се наоѓа грбот на министерството за финансии кое се состои од два концентрични кругови во кои се наоѓа жолт лав под црвената капа на слободата и мотото Paz y Justicia (мир и правда) додека пак на врвовот како и на претходниот грб се наоѓа слоганот Република Парагвај.
|
||||||||||||||