Жолтоклуна галица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Жолтоклуна галица
Black crow-like bird with yellow bill perched on rock with valley in the background
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Фамилија: Врани
Род: Галици
Вид: Жолтоклуна галица
Биномен назив
Pyrrhocorax graculus
(Linnaeus, 1766)
Постојан жител е во планините на Мароко, Шпанија, јужна Европа, централна Азија, Индија и Кина
Приближната распространетост е претставена со зелено

Жолтоклуната галица (науч. Pyrrhocorax graculus) е врапчевидна птица од фамилијата на враните (Corvidae), еден од двата вида на родот галици (Pyrrhocorax). Нејзините два подвида се размножуваат низ високите планини од Шпанија, па на исток низ јужна Европа, вклучувајќи ја и Македонија, северна Африка, Индија и Кина, и може да гнезди на најголема надморска височина од сите птици.

Има сјајноцрно перје, жолт клун, црвени нозе и препознатлив повик. Лета со многу раширени и назабени примарни пердуви, со често лебдење.

Таксономија и систематика[уреди]

Жолтоклуна галица во лет, Швајцарија

Оваа птица за првпат е опишана како Corvus graculus од Linnaeus во неговата Систем на природата, 1766.[2] а преместена е во сегашниот род галици (Pyrrhocorax), од Мармадјук Тунстал (Marmaduke Tunstall), 1771 во неговата Орнитологија Британика,[3] заедно со единствениот втор член на родот црвеноклуната галица ( P.pyrrhocorax).[4]

Името на родот потекнува од грчкото πύρρος (purrhos) - „со боја на оган“ и κόραξ (korax)- „гавран“.[5]

Има два подвида:

  • P. g. graculus, номинираниот подвид, распространет во Европа, северна Африка, Турција, Кавказ и северен Иран;[4]
  • P. g. digitatus, (Hemprich & Ehrenberg; како P.alpinus или digitatus во 1833),[6] поголем е и има посилни нозе од номинираниот;[4] распространет е во остатокот од опсегот, претежно на Хималаите.[7]

Опис[уреди]

 Diagrams of the two chough species perched and in flight
Споредба на црвеноклуна (лево) и жолтоклуна галица (десно). Крилјата на црвеноклуната се со пораширени и подлабоки „прсти“ на примарните пердуви, а при стоење крилјата се подолги од опашката.

Жолтоклуната галица има сјајноцрно перје, краток жолт клун, темнокафеави очи и црвени нозе.[4] Малку е помала од црвеноклуната галица, односно во должина е 37-39 см, има распон на крилјата 75-85 см и има пропорционално подолга опашка, а пократки крилја од својот роднина. Летот е сличен, лесен и пловечки.[7] Половите се идентични по изглед, но мажјаците се малку поголеми. Младенчињата се побледи и имаат бледожолт клун и кафеавкави нозе. [4]

Летот на оваа птица е брз и акробатски, со поретки, длабоки замавнувања на крилјата. Многу лесно маневрира со ширење на опашката и свивање на крилјата. Повикот ѝ е поразличен од останатите врани, растреперено приип или свиркачко свиииууу. Повикот за тревога е тркалачко чурр, а кога се одмара или храни, произведува разни тивки жуборкањa и крцкања.

Однесување[уреди]

Живеалиштето на жолтоклуната галица се високите планини меѓу 1.260 и 2.880 метри надморска височина во Европа, 2.880-3.900 во Мароко и 3.500-5.000 на Хималаите. Гнездела и на 6.500 мнв, повисоко од било која друга птица.[8] Била набљудувана како ги следи качувачите на Монт Еверест до 8.200 мнв.[9]

Исхрана[уреди]

 Visitors sitting at tables on a large balcony high in the Swiss Alps, and a chough is perching on a railing beside them.
На скијачки терени на Алпите

Во текот на летото, оваа птица се храни главно со без'рбетници кои ги собира од пасиштата, како што се бумбарите, полжавите, скакулците, гасениците, мувите и сл., а несен, зиме и во рана пролет главно со овошје и бобинки. Тие со задоволство ја надополнуваат својата исхрана со остатици храна понудена од туристите на скијачките терени или другите места со луѓе. На местата каде има доволен извор на храна, бројот на птици и младенчиња е поголем.

Птиците секогаш се хранат во групи, кои се поголеми зиме од лете. Каде што има недостаток од храна, возрасните се подоминантни од малденчињата и мажјаците од женките.[10] Местата за хранење се менуваат во текот на годината, зависно од климатските услови и достапност на храната. Движењето кон пониска надморска височина започнува со паѓањето на првиот снег, но се враѓаат на спиење во своите места.

Размножување[уреди]

 A cream egg with light buff blotches
Јајце

Жолтоклуната галица е моногамна птица, покажувајќи висока приврзаност кон партнерот и лете и зиме, и од година во година.[10] Гнездењето започнува на почетокот од мај, поединечно (не во колонии), иако во погодни услови може да има неколку пара во близина.[4] Гломазното гнездо го прават од корења, гранчиња и други растенија, а го постилаат со помеки тревки или влакна, и најчесто го сместуваат во пештера, длабока пукнатина во карпа или напуштена зграда. Леглото има 3-5 сјајни белкави јајца со ситни кафеави дамки.[4] Ги инкубира женката во период од 14 до 21 ден.[7] Се испилуваат со слаба покриеност со пердувчиња (за разлика од оние на црвеноклуната, кои се голи),[11] и се оперјува по 29-31 ден.[7] Ги хранат обата родитела, па и останатите возрасни од јатото на кое ќе се придружат откако ќе се оперјат.[4] Размножувањето на толку висока надморска височина е возможно, зашто нивните јајца имаат помалку пори и губат помалку вода заради понискиот атмосферски притисок.[12] Ембрионот на птиците кои се размножуваат на голема надморска височина, исто така, имаат хемоглобин со генетски определен висок афинитет за кислород.[13]

Статус[уреди]

Жолтоклуната галица има широк, наместа испрекинат опсег од 1-10 милиони км² и голема популација од 260.000 до 620.000 поединци само во Европа. Иако наместа популацијата е многу намалена, глобално таа не во пад, па според Црвениот список на МСЗП ова е вид со најмала загриженост од исчезнување.[1]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 BirdLife International (2012). Pyrrhocorax graculus. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2012.1“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/106005756. конс. 16 јули 2012.  (англиски)
  2. (латински) Linnaeus, C. (1766). „Systema naturae per regna tria naturae, secundum classes, ordines, genera, species, cum characteribus, differentiis, synonymis, locis. Tomus I. Editio duodecima“. Holmiae. (Laurentii Salvii). стр. 158. 
  3. (латински) Tunstall, M. (1771). „Ornithologia Britannica: seu Avium omnium Britannicarum tam terrestrium, quam aquaticarum catalogus, sermone Latino, Anglico et Gallico redditus“. London, J. Dixwell. стр. 2. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 Madge, S.; Burn, Hilary (1994). „Crows and jays: a guide to the crows, jays and magpies of the world“. A & C Black. стр. 132–133. ISBN 0-7136-3999-7. 
  5. „Chough Pyrrhocorax pyrrhocorax [Linnaeus, 1758“]. „BTOWeb BirdFacts“. British Trust for Ornithology. архивирано од оригиналот на 24 декември 2007. http://web.archive.org/web/20071224213534/http://blx1.bto.org/birdfacts/results/bob15590.htm. конс. 6 февруари 2008. 
  6. Dickinson, E C; Dekker, R. W. R. J.; Eck, S.; Somadikarta S. (2004). „Systematic notes on Asian birds. 45. Types of the Corvidae“ (PDF). „Leiden Zoologische verhandelingen“ 350: 121. http://www.pdfdownload.org/pdf2html/view_online.php?url=http%3A%2F%2Fwww.naturalis.nl%2Fsites%2Fnaturalis.en%2Fcontents%2Fi000308%2Fsnab045.pdf. 
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 Snow, David; Perrins, Christopher M. (eds.) (1998). „The Birds of the Western Palearctic concise edition (2 volumes)“. Oxford: Oxford University Press. стр. 1464–1466. ISBN 0-19-854099-X. 
  8. Bahn, H.; Ab, A. (1974). „Птичје јајце:време на инкубација и загуба на вода“ (PDF). „The Condor“ 76 (2): 147–152. doi:10.2307/1366724. http://sora.unm.edu/sites/default/files/journals/condor/v076n02/p0147-p0152.pdf. 
  9. Silverstein Alvin; Silverstein, Virginia (2003). „Шампиони на природата:најголеми, најбрзи, најдобри“. Courier Dover Publications. стр. 17. ISBN 0-486-42888-5. 
  10. 10,0 10,1 Delestrade, Anne; Stoyanov, Georgi (1995). „Размножување и преживување на жолтоклуната галица Pyrrhocorax graculus“ (PDF). „Bird Study“ 42 (3): 222–231. doi:10.1080/00063659509477171. http://www.crea.hautesavoie.net/doc/Delestrade&Stoyanov1995_BirdStudy42.pdf. 
  11. Starck, J Matthias; Ricklefs, Robert E. (1948). „Развиток и развој на птиците.“. New York: Oxford University Press. стр. 7. ISBN 0-19-510608-3. http://sci.bio.lmu.de/morpho/downloads/agd1.pdf. 
  12. Rahn, H.; Ar, A. (1974). „Птичје јајце:време на инкубација и загуба на вода“. „The Condor“ 76 (2): 147–152. doi:10.2307/1366724. 
  13. Black, Craig Patrick; Snyder, Gregory K (1980). „Преносот на кислород во јајцата на птиците на големите надморски височини“. „American Zoologist“ 20 (2): 461–468. doi:10.1093/icb/20.2.461. 

Надворешни врски[уреди]