Жолта чапја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Жолта чапја
Жолта чапја на Мадагаскар
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Пеликановидни
Фамилија: Чапји
Род: Ardeola
Вид: A. ralloides
Биномен назив
Ardeola ralloides
(Scopoli, 1769)

     лето      постојан жител      зима

Жолтата чапја (Ardeola ralloides) потекнува од стариот свет и гнезди во јужна Европа и Средниот Исток.

Опис[уреди]

Жолтата чапја е мала чапја, долга од 44 до 47 cm, од кои 20-23 cm се тело, и имаат распон на крилата од 80 до 92 cm.[2] Перјата на оваа чапја се жолтеникаво-окер. Стомакот, опашка и крилјата ѝ се бели. Долгите нозе ѝ се жолти, а краткиот дебел клун е зелено-жолт со црн завршеток. Вратот ѝ е многу кус. Лете, возрасните единки имаат долги пердуви на вратот. Кога летаат изгледаат како да се бели, заради бојата на долните пердуви и белите крилја. Младенчињата на жолтата чапја имаат потемни пердуви.

Живеалиште[уреди]

Жолтата чапја гнезди во слатководни мочуришта и мочурливи низини со трска во Медитеранот и југо-западна Азија, Мароко и Етиопија. Таа е птица преселница, па во септември и октомври, лета во Африка, а само некои поединци остануваат да презимуваат во јужниот дел на Медитеранот. Како постојан жител е позната само во Унгарија.

Жолта чапја во лет

Гнездење[уреди]

Жолтата чапја гнезди секоја година од април до јуни во колонии, заедно со други видови чапји, ибиси и мали корморани. Гнездото од трева и трска го прави на стебла од трска или ниски дрвја. Снесуваат 3-4 јајца кои и двајцата родители ги инкубираат и заеднички се грижат за младенчињата откако ќе се испилат, додека по 45 дена не станат самостојни.

Исхрана[уреди]

Жолтите чапји се најактивни во самракот и тогаш ловат разни инсекти, жаби и мали рипчиња.

Јајца од жолта чапја

Наводи[уреди]

  1. BirdLife International (2012). Ardeola ralloides. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2012.1“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/106003731. конс. 16 јули 2012.  (англиски)
  2. David William Snow, Christopher Perrins (Eds) (1997). „The Birds of the Western Palearctic [Abridged]“. OUP. ISBN 0-19-854099-X. 

Надворешни врски[уреди]