Живоносен Извор (Бела Црква)

Координати: 40°56′37″N 22°54′42″E / 40.94361° СГШ; 22.91167° ИГД / 40.94361; 22.91167
Од Википедија — слободната енциклопедија
Живоносен Извор
Ζωοδόχου Πηγής
Карта
40°56′37″N 22°54′42″E / 40.94361° СГШ; 22.91167° ИГД / 40.94361; 22.91167
МестоБела Црква, Кукушко
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Завршенасреден век
Управа
Архијерејско намесништвоКукушко
ЕпархијаПолјанско-кукушка

Живоносен Извор (грчки: Ζωοδόχου Πηγής) — средновековен верски комплекс кај селото Бела Црква, Кукушко, Егејска Македонија. Современата црква „Св. Јован“ во комплексот влегува во состав на Полјанско-кукушката епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]

На 2 км источно од селото, на левиот брег на реката Галик се наоѓа ридот Житототворен Извор Богородичен, познато како Бела Црква или Акче Клисе. На него има остатоци од средновековни утврдувања. Во 1974 г. започнало ископување меѓу двата соседни рида на источниот брег на Галик. Во 1983-1989 г. таму е откриен црковен комплекс од ранохристијанско време со гробници од IV век. Цртежите во едната гробница се датирани во VI век. Гробиштата се користеле до VII век, а можеби и подоцна. Откриена е црква од V векеднокорабна градба со нартекс, која за времето на Јустинијан со две преправки е претворена во трикорабна базилика. Подоцна комплексот е проширен на југ со крстилница, работилници и складови. Откриени се и остатоци од голема правоаголна градба со административна функција, веројатно срушена во VII век.[1]

Средишниот кораб на ранохристијанската црква е обновен некаде во периодот од VII до втората половина на IX век. Фрагментите од фреските во него се меѓу највредните примери за уметноста на Солунската школа од крајот на XII век. Во околината се откриени работилници и средновизантиски гробници. Гробовите се засводени и вдлабнати, а во еден од нив има траги од фрески (крстови). На северната страна на комплексот има населба обиколена со ѕидини.[1]

Од IX век ридот спроти Живоносен Извор, кое се издига пред новииот параклис „Св. Јован“, е опкружено со ѕидини и центарот на населбата е преместен таму. Овој објект сè уште не е наполно проучен. На највисоката точка е откриена трикорабна средновизантиска базилика посветена на Свети Ѓорѓи, која можеби датира од X век. Во природната пештера на западната страна на карпата има остатоц од испосница или манастир. Пештерата е украсена со фрески од XI век.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Λάμπρου, Σουλτάνα Δ. „Ερείπια άγνωστης μονής στην Κολχίδα“. Promo.cross. Архивирано од изворникот на 2018-03-15. Посетено на 21 јуни 2014.
  2. „Κολχίδα, Ι.Ν. Αγίου Ιωάννη“. Enjoy Kilkis. Посетено на 14 март 2018.