Ечер

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Поглед кон селото

Ечер (унгарски:Ecser, словачки:Ečer) е село во унгарската жупанија Пешта. Соседни населени места на Ечер се: Маглод, Вечеш, Ѓамро и Уло. Селото се наоѓа околу 25 километри југоисточно од Будимпешта, блиску до меѓународниот аеродром Ферихеѓ. Покрај Ечер поминува патот M0 и железничката пруга Будимпешта- Солнок.

Историја[уреди]

Ечер за прв пат се спомнува на 15 декември 1315, иако селото настанало во 896 година кога унгарците пристигнале во денешната нивна татковина. Според легендата, името на селото му го дал племенскиот водич Арпад. Кога ги прашал селаните за името на селото, тие немале одговор , па тој им рекол: „Па тогаш наречете го даб“ или на унгарски јазик cser(fa).

За време на турското владеење селото останало без население, воглавном како последица од опсадата на Будим од страна на турците. Во војната за независност на Унгарија (1703-1711), во војската Ракоциј имало 11 војници од Ечер. Во првата половина на 18 век, сопственикот на селото грофот Антал Грасалкович ги населил словаците во ова место. Според пописот од 1836 година, 80% од населението биле словаци. После втората светска војна 25 словачки фамилии се преселиле во Чехословачка, а тука дошле унгарци од Словачка.

Култура[уреди]

Црква во Ечер

Во Ечер се наоѓа барокна католичка црква посветена на Св. Антониј. Датира од 1740 година.

Селото е познато по познатиот сватовски танц (Ecseri lakodalmas). Секој февруари во селото се одржува бал на парови во традиционална облека (Nős és Páros).

На грбот на селото се прикажани црква, сватовски танец и даб.

Збратимени населени места[уреди]