Ер (езеро)
| Ер | |
|---|---|
|
|
|
| Местоположба | северен дел на Јужна Австралија |
| Координати | 28°22′00″S 137°22′00″E / 28.3666667°S 137.3666667°EКоординати: 28°22′00″S 137°22′00″E / 28.3666667°S 137.3666667°E |
| Главен одлив | испарување |
| Земји во сливот | Австралија |
| Површина | 9.500 km2 (3,668 sq mi) (мак) |
| Прос. длабочина | 15 m (49 ft) (секои 3 години), 4 m (13 ft) (секоја декада) |
| Надм. височина на површината | -15 m (Шаблон:Rnd/c-4dec0 ft) |
Езерото Ер (англиски: Lake Eyre, на јазикот на домородците: Kati-tanda) е, во ретки случаи кога е полно, најголемо езеро во Австралија (и државата и континентот). Се наоѓа на околу 15 метри под нивото на морето и по тоа е најниска точка во Австралија. Максималната површина на езерото изнесува 9.500 -{km²}-. Ова солено еезеро се наоѓа во центарот на басенот на езерото Ер.
Името езерото го добило по британскиот истражувач Едвард Џон Ер, кој го открил езерото во 1840 година.
Езерото Ер се наоѓа во сушната област во централна Австралија, на северот од сојузната држава Јужна Австралија. Тоа е најнискиот дел од солените пустински рамнини. Во најсушните периоди езерото испарува и се дели на два дела (Северно и Јужно Езеро Ер, кои се поврзани со канали). Во текот на дождовните сезони реките носат вода од северозападот на областите Аутбек и Квинсленд. Количината на монсунските врнежи ја одредува длабочината на езерото. Еднаш на секои три години езерото достигнува длабочина од 1,5 метри, а еднаш во една деценија длабочината достигнува до 4 метри. Секои 25 години езерото потполно се полни, додека веќе наредното лето, поголемиот дел од водата испрува.
[уреди] Надворешни врски
- Слики од езерото Ер (агенција НАСА):
- Јахтинг-клуб на езерото Ер
- Статија за езерото Ер
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Ер (езеро)“ |