Екстремов Леден Гребен

Координати: 71°S 8°W / 71° ЈГШ; 8° ЗГД / -71; -8
Од Википедија — слободната енциклопедија
ЕЛГ во рамките на Антарктик
ЕЛГ
Местоположба на гребенот
Работ на Екстремовиот Леден Гребен

Екстремов Леден Гребен (норвешки: Ekströmisen, англиски: Ekström Ice Shelf) — леден гребен на Антарктикот помеѓу сртовите Серосен и Халвфариген на Брегот на Принцезата Марта во Земјата на Кралицата Мод.

За првпат е искартиран од Норвешко-британско-шведската антарктичка експедиција (1949–1952). Наречен по машинскиот инженер Бертил Екстрем кој се удавил кога неговиот гасеничар паднал во морето од Кваровиот Леден Гребен на 24 февруари 1951 г.[1]

Гребенот зафаќа површина од 8.700 км2. Работ има дебелина од 160 м и се издига 15 м над морското ниво. Североисточно на заливот Атка се наоѓа германската поларна станица „Нојмајер III“.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

 Оваа статија содржи материјал во јавна сопственост од Геолошкиот топографски институт на САД (USGS) — документ: „Екстремов Леден Гребен“ (содржини од Информативниот систем за географски имиња). (англиски)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Екстремов Леден Гребен“. Информативен систем за географски називи, Геолошки топографски институт на САД. Посетено на 27 февруари 2012. (англиски)

71°S 8°W / 71° ЈГШ; 8° ЗГД / -71; -8