Викторија (езеро)
| Викториино Езеро | |
|---|---|
| Местоположба | Африка |
| Координати | 1°S 33°E / 1°S 33°EКоординати: 1°S 33°E / 1°S 33°E |
| Главен прилив | Реката Кагера |
| Главен одлив | Бел Нил (река) |
| Површина на сливот | 184.000 km2 (71,000 sq mi) 238.900 km2 (92,200 sq mi) basin |
| Земји во сливот | Танзанија Уганда Кенија |
| Макс. должина | 337 km (209 mi) |
| Макс. ширина | 250 km (160 mi) |
| Површина | 68.800 km2 (26,600 sq mi) |
| Прос. длабочина | 40 m (130 ft) |
| Брежна должина1 | 3.440 km (2,140 mi) |
| Надм. височина на површината | 1.133 m (3,720 ft) |
| Острови | 3,000 (Островите Сесе, Уганда) |
| Населени места | Букоба, Танзанија Мванза, Танзанија Мусома, Танзанија Кисуму, Кенија Заливот Кенду, Кенија Заливот Хома, Кенија Кампала, Уганда Ентебе, Уганда Џинџа, Уганда |
| 1 Брежната должина не е добро утврдена мерка. | |
Викторииното Езеро е најголемо во Африка а в второ според слатководно езеро во светот и главен резервоар на реката Нил. Езерото има груб четириаголен облик, а се наоѓа во средиштето на висорамнината што ги раздвојува западниот и источиот крак на Големата Раседна Долина. Создадено е пред околу 2 милиони години, кога зголемувањето на косината на Земјиата кора меѓу крацие ја пренасочило површинската вода во плитка вдлабнатина на површината на висорамнината. Викториино Езеро нема големи притоки - неговото иво го одржуваат обилните врнежи и водата што дотекува од околните ридови. Неговите брегови се една од најгусто населените области во Африка, а градовите Камплада, Кисума и Мванза се наоѓаат во непосредна близина. Големиот број острови во Езерото, исто така, се населени. Северниот брег се одликува со многу долги и тесни полусотрови, меѓу кои има мочуришни области што се прошируваат далеку од внатрешноста на копното и претставуваат засолниште на реткиот вид на големата антилопа ситатунга. Викторииното Езеро потекнува од пред 20 милиони години - што значи дека е многу старо кога се во прашање езерата - и во него се развиле неколку стотини ендемски видови, главно реиби од родот циклиди внесувањето на нилскиот греч (ендемски вид риба во Нил и Туркана) во северниот дел на езерото се покажа како еколошка катастрофа за езерските видови риби. Гргечот е грабливец кој јаде многу и денес живаа во сите делови на езерото, така што бројот на домородните видови риби е на загрижувачко ниво.[1]
[уреди] Наводи
- ↑ J.-P. vanden Bossche, G. M. Bernacsek (1990). „Lake Victoria“. „Source book for inland fishery resources of Africa. Volume 1“. CIFA Technical Paper No. 18/1. Food and Agricultural Organization. стр. 83–87. ISBN 92-5-102983-0. http://books.google.co.uk/books?id=WLZRxM9vfXoC&pg=PA65.