Викторија (езеро)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Викториино Езеро
Викториино Езеро -
Место Африка
Координати 1° ЈГШ 33° ИГД / 
Главен прилив Реката Кагера
Главен истек Бел Нил (река)
Површина на сливот 184.000 km2 (71,000 sq mi)


238.900 km2 (92,200 sq mi)

basin
Земји во сливот Танзанија
Уганда
Кенија
Макс. должина 337 км (209 mi)
Макс. ширина 250 км (160 mi)
Површина 68.800 km2 (26,600 sq mi)
Прос. длабочина 40 m (130 ft)
Брежна должина1 3.440 км (2,140 mi)
Надм. височина на површината 1.133 m (3,720 ft)
Острови 3,000 (Островите Сесе, Уганда)
Населени места Букоба, Танзанија
Мванза, Танзанија
Мусома, Танзанија
Кисуму, Кенија
Заливот Кенду, Кенија
Заливот Хома, Кенија
Кампала, Уганда
Ентебе, Уганда
Џинџа, Уганда
1 Брежната должина не е добро утврдена мерка.


Викторииното Езеро — најголемотп езеро во Африка, а второ слатководно езеро во светот и главен резервоар на реката Нил. Езерото има груб четириаголен облик, а се наоѓа во средиштето на висорамнината што ги раздвојува западниот и источиот крак на Големата Раседна Долина. Создадено е пред околу 2 милиони години, кога зголемувањето на косината на Земјата кора меѓу краците ја пренасочило површинската вода во плитка вдлабнатина на површината на висорамнината. Викторииното Езеро нема големи притоки - неговото иво го одржуваат обилните врнежи и водата што дотекува од околните ридови. Неговите брегови се една од најгусто населените области во Африка, а градовите Кампала, Кисума и Мванза се наоѓаат во непосредна близина. Големиот број острови во eзерото, исто така, се населени. Северниот брег се одликува со многу долги и тесни полуocтрови, меѓу кои има мочуришни области што се прошируваат далеку од внатрешноста на копното и претставуваат засолниште на реткиот вид на големата антилопа ситатунга. Викторииното Езеро потекнува од пред 20 милиони години - што значи дека е многу старо кога се во прашање езерата - и во него се развиле неколку стотини ендемски видови, главно риби од родот циклиди внесувањето на нилскиот костреш (ендемски вид риба во Нил и Туркана) во северниот дел на езерото се покажа како еколошка катастрофа за езерските видови риби. Кострешот е грабливец кој јаде многу и денес живee во сите делови на езерото, така што бројот на домородните видови риби е на загрижувачко ниво.[1]

Наводи[уреди]

  1. J.-P. vanden Bossche, G. M. Bernacsek (1990). „Lake Victoria“. „Source book for inland fishery resources of Africa. Volume 1“. CIFA Technical Paper No. 18/1. Food and Agricultural Organization. стр. 83–87. ISBN 92-5-102983-0. http://books.google.co.uk/books?id=WLZRxM9vfXoC&pg=PA65. 

Галерија[уреди]