Дудин Дол (Свети Николе)

Координати: 41°51′54″N 21°56′33″E / 41.86500° СГШ; 21.94250° ИГД / 41.86500; 21.94250
Од Википедија — слободната енциклопедија
Дудин Дол


Местоположба 41°51′54″N 21°56′33″E / 41.86500° СГШ; 21.94250° ИГД / 41.86500; 21.94250
Основни податоци
Место Свети Николе
Општина Свети Николе
Тип

 населба  некропола


Период римско време
Портал „Археологија“

Дудин Дол археолошко наоѓалиште во Свети Николе Претставува населба и некропола од римско време. Се наоѓа на околу 4,5 км јужно од градот, на една благо закосена тераса. При подигањето на лозовите насади, со длабокото орање на површината бил исфрлен голем број фрагменти од керамички садови, како и градежен камен различен по големина, облик, состав и обработеност, веројатно од темели на објекти. Во јужниот дел на терасата бил откриен и разнесен од механизацијата гроб од типот циста. На површината се најдени повеќе рачни мелници од камен и пирамидални тегови од керамика. Наодите се чуваат во Народниот музеј во Св.Николе.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 358, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069