Домус Ауреа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Домус Ауреа
Domus Aurea

Поглед кон Домус Ауреа
Општи информации
Град Рим
Земја Италија

Домус Ауреа (латински: Domus Aurea, во превод Златна куќа) претставува антички комплекс кој се наоѓа во Рим, Италија. Комплексот бил изграден во Големиот пожар во Рим во 64 година во времето на римскиот император Нерон. Објектот служел како императорски дом за Нерон, во кој живеел до неговата смрт во 68 година. Археолозите сметаат дека повеќе тоа било место за одржување на свечености отколку што ја користел како своја резиденција. Домус Ауреа се наоѓа во стариот дел на градот, покривајки делови од ридовите Есквилин, Палатин и Целијан.[1]Градбата на објектот е од тули и бетон. Домус Ауреа е позната по фреските со златна боја со која се насликани ѕидовите, а кој се одлика на богатиот живот на Римјаните во тоа време. Таа се состои од околу 300 соби, а таванот над куполата постојано бил менуван благодарение на механизам којшто бил управуван од страна на робовите. По смртта на Нерон, објектот бил созидан и блиску до објектот императорот Веспазијан го изградил Колосеумот, а императорот Трајан ги изградил Трајанските бањи, арката на императорот Тит и.т.н. Објектот долги години бил во заборав. Кон крајот на 20 век започнала голема реставрација на целиот објект, која завршила во 1999 година. Од тогаш палатата станала една од најпопуларните туристички дестинации во Рим.

На 30 март 2010 околу 60 квадратни метри од објектот се урнале, најверојатно од влага. Делот од урнатиот покрив се нарекува Трајанова галерија, според императорот Трајан кој владеел од 98 до 117 г. и наложил на врвот од Златната палата.


Наводи[уреди]

  1. Roth