Долорес Атанасова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Долорес Атанасова

Долорес Атанасовамакедонска поетеса

Животопис[уреди | уреди извор]

Долорес Атанасова – Лори (ипк Д. А. Лори) е родена во 1974 во Германија. Раното детство го поминува во Германија, за потоа да се пресели со семејството во Охрид, каде го завршува основното и средното образование. Од 1993 година живее во Скопје каде на УКИМ завршува студии по англиски јазик и книжевност. Работи како професорка по англиски јазик и пишува поезија. Нејзината поезија досега е преведена на германски, англиски, српски и на шпански јазик.

Творештво[уреди | уреди извор]

  • Во 2014, ја издава својата прва збирка поезија „Будење во трето лице еднина“[1], во издание на издавачката куќа „Блесок
  • Во 2016, од печат излегува поетската збирка „Со ветрот под рака“[2], во издание на издавачката куќа „Антолог
  • Во 2019, излегува нејзината трета поетска книга, „Небо во кафез”
  • Во 2020, излегува поетската книга, „Ќе фатит бран”, во издание на здружението за литература, култура и уметност „Галикул“ и Галичката книжевна колонија
  • Во 2023, излегува поетската книга, „Сега ти стануваш јас“[3], во издание на издавачката куќа „Чудна шума“
  • Нејзини песни се објавувани и во поетската збирка „100.000 поети за промена” и е-книгата „Поетискон”, како и на страната на „Словокулт“, онлајн магазин за уметност и литература, и „Фиxпоетрy“, германска платформа за литература на интернет
  • Поезијата на Атанасова се појавува и во монографијата на Астални проекции, како и во македонското списание за литература, култура и уметност, „Современост

Награди[уреди | уреди извор]

Атанасова е добитничка на следниве награди:

Претставувања и промоции[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Будење во трето лице еднина“. kupikniga.mk (англиски). Посетено на 2023-11-18.[мртва врска]
  2. „Со ветрот под рака“. kupikniga.mk (англиски). Посетено на 2023-11-18.[мртва врска]
  3. „Сега ти стануваш јас“. Чудна шума. 2023-07-07. Посетено на 2023-11-18.
  4. „Небо во кафез – Д.А. Лори“. МКД.мк (англиски). Архивирано од изворникот на 2023-11-18. Посетено на 2023-11-18.
  5. „Антево Слово:: Наградени песни – SlovoKult::Literatur/a“ (англиски). Посетено на 2023-11-18.