Демотско писмо

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Демотско писмо
DemoticScriptsRosettaStoneReplica.jpg
Тип Абџад со логографски елементи
Јазици Демотски (Египетски јазик)
Период околу 650 п.н.е. – 5 век
Матични системи
Хиератик
  • демотско писмо
Изведени системи

Коптски
Мероитски

Стар нубијански
ISO 15924 Egyd, 070
Напомена: Страницава може да содржи фонетски симболи од МФА.

Демотското писмо се користело во стариот Египет. Претставува поедноставена форма на хиероглифското писмо. Се користело во последниот период од историјата на стар Египет. На демотското писмо му претходело хиератското писмо, уште една поедноставена форма на хиероглифското писмо. Дeмoтското писмо се користело во литературата и во трговијата, додека хиератското писмо се користело за пишување на религиозни текстови. Демотското писмо претставува усовршување на хиератското писмо. Се пишува во курзивна форма, знаците се поврзани и доста слични еден со друг поради што е потешко за читање. Демотското писмо вклучува неколку типови на нови фонетски форми кои битно се разликуваат од хератското писмо. За разлика од хиератското писмо кое речиси секогаш е пишувано со мастило на папирус, демоското писмо исто така може да се гравира на камена или дрвена подлога.

Најрани познати почетоци на дометското писмо се околу 660 г.п.н.е. Во текот на петтиот век п.н.е. демотското писмо било во употреба низ целиот Египет. Во почетокот на четвртиот век п.н.е., демотското писмо почнало да се заменува со грчкото писмо. Последно датиран примерок на демотското писмо е од 425 година од нашата ера.

Развој и употреба на демотското писмо[уреди]

Развојот и употребата на демотското писмо може да се подели на три периода. Ран период (од VII век п.н.е. до крајот на IV век п.н.е.), Птолемаидски или среден период (од V век п.н.е до I век п.н.е.) и Доцен период или римско-византиски период (од I век п.н.е. до средината на V век од нашата ера).

Ран период[уреди]

Раниот период на дометското писмо го опфаќа периодот од VII век п.н.е. до крајот на IV век п.н.е. Во германската литература овој период се означува со терминот Frühdemotisch. Во вој период се појавува дометското писмо за време на владеењето на 25-тата Династија. После реунификацијата на Египет од страна на Псаметик I, демотското писмо го заменило хиератското писмо во горен Египет, посебно за време на владеењето на Амазис, кога ова писмо станува официјално административно писмо, а хиероглифите и хиератското писмо останале во употреба за пишување на религиозни текстови.

Птолемаидски период[уреди]

Птолемаидскиот или среден период на дометското писмо го опфаќа периодот од V век п.н.е до I век п.н.е. Ова бил период на користење на писмото за време на владеењето на Птолемаидската династија со Египет. Од IV век п.н.е. демотското писмо доживува подем, бидејќи почнува да се употребува за пишување и на книжевни и на религиозни текстови. Но кон крајот на третиот век п.н.е. грчкиот јазик и писмо биле многу пошироко употребувани во Египет.

Доцен период[уреди]

Доцниот период или римско-византискиот период на дометското писмо го опфаќа периодот од I век п.н.е. до средината на V век од нашата ера. Од почетокот на владеењето на Египет од страна на Римската империја, дометското писмо се повеќе се истиснува од употреба во јавниот живот. Но сепак и во овој период биле напишани бројни книжевни дела. Последниот познат случај на употреба на дометското писмо е датиран од 11 декември 452 од нашата ера, во форма на испишани графити на ѕидовите на храмот Изис на Фила.

Демотски јазик[уреди]

Демотскиот јазик е варијанта на староегипетскиот јазик кој има доста заеднички елементи со коптскиот јазик.

Дешифрирање[уреди]

Демотското писмо е запишано на таканаречениот Камен од Розета откриен во 1799 година во местото Розета (на египетски Ел Рашид) во Египет при копање за изградба на фортификациски објекти од страна на француската војска во текот на египетската воена операција на Наполеон Бонапарт. Тогаш и Англичаните влегуваат во судир со француската војска и оваа краткотрајна војна завршува со потпишување примирје во Александрија во 1802 година и со пораз на француската војска. Во согласност со одредбите на ова примирје Каменот од Розета, заедно со сите други ископани артефакти, им припаднал на Англичаните, кои го пренесуваат во Англија и го сместуваат во Британскиот музеј во Лондон, каде што и денес е изложен како еден од најпознатите експонати. Каменот е изработен од гранитна карпа со импозантни димензии: височина 1,44 m, широчина 0,72 m, дебелина 0,28 m и тежина 762 kg. Содржината на текстот испишана на каменот претставува декрет на фараонот Птоломеј V Епифан Евхаристос по повод првата годишнина од неговото крунисување во 196 г.п.н.е. Напишан е од група свештеници во Египет, во чест на египетскиот фараон и наведена е листа на сите работи што тој ги направил, а биле добри за свештениците и за народот на Египет.

Во 1822 година францускиот научник Жан-Франсоа Шамполион, врз основа на старогрчкиот текст успеал да го дешифрира и текстот испишан со хиероглифското писмо. Средното писмо во тоа време останало не дешифрирано.

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов тврдат дека овој текст е напишан на антички македонски јазик. Двајцата истражувачи тргнале од претпоставката дека јазикот бил македонски, односно од балканскиот ареал. Основа за таков пристап е што со Египет владеела династијата Птолемаиди (кои се антички Македонци, зашто основач на династијата е Птоломеј I Сотир, генерал на Александар Македонски), така што античкомакедонскиот бил и државен јазик на Египет на кој се пишувале сите државни документи.

Во декретот се наведени местата каде да се постават камењата со текстот. Според преводот, во македонскиот текст Египќаните се запишани како Аѓупци, Македонците како Живи господари, а Грците како Данајци. Средниот текст е со вчудовидувачка сличност до идентичност со сегашните македонски говори и дијалекти, според приложените 167 зборови. Еве некои зборови: наше име, најнаше име, деца, децана, деца мои, божен, најбожен, господар, господари, же(и)во, бога, бога нашион, на нашево бога Sе (Светлина, Sевс?), на бога се деца, налеа (статуа налеана), надеж', тој, мој, мо (јас), мои, вои (вие), ј'ви (јави), б'де (да биде), најзе (нејзе), дивејеи (се диви, восхитува), ата (татко на старословенски) итн.

Писмото е слоговно од типот согласка-самогласка. Основните знаци (согласките) се наоѓаат во по 8 положби и, во зависност од позицијата, односно аголот под кој се наоѓаат, се чита слогот со изговор на самогласката, како еден вид јотација во старословенскиот јазик. Покрај согласките за првпат се предлага озвучување и на самогласките. Идентификувани и озвучени се 25 согласки и 8 самогласки, речиси половина од нив (12) согласки формираат слогови со сите 8 самогласки, додека останатите согласки со 4-5 самогласки. Исто така, идентификувани се 4 пиктографски знаци, карактеристична е употребата на лигатури со цел да се покрие зачестената употреба на предлогот „на“. Често се употребува и сврзникот „и“, а множина се прави со додавање на „и“ на крајот од зборот, како, впрочем, и денес. Со употреба на дефинираните правила за читање и озвучување идентификувани се над 160 зборови. Од сето ова произлегува дека средниот текст е дефинитивно напишан на писмото и јазикот на тогашните господари на Египет - Античките Македонци. Средниот текст, всушност, бил оригиналот од кој описно се преводите на старогрчки и на староегипетски. Македонскиот текст не се совпаѓа буквално со другите два текста.

Види исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]

  • [1] Encyclopedia of the Orient (англиски)
  • [2] Chicago Demotic Dictionary (англиски)
  • [3] Tracing the script and the language of the ancient macedonians (англиски)