Абџад

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Првите пет букви на феникиската азбука.


Абџад е вид на систем на пишување кој секој симбол претставува согласка, читателот мора сам да додаде самогласка. Овој термин е воведен од лингвистот Петер Даниелс, со кој се заменил стариот термин согласна азбука. Најчесто абџадските азбуки го содржат зборот азбука во самиот назив како на пример арапска азбука или хебрејска азбука.

Според Даниелс, абџадските писма се разликуваат од обичните азбуким по тоа што се претставени само согласките како графеми. Кога има потреба да се бележи самогласка тоа се прави со посебни знаци, но сепак тоа е опционално и е фонолошко. Самогласките се бележат со диакрити или мали додатоци на буквите. Некои абџадски писма користат посебни симболи за претставување на самогласките и така согласките можат да стојат посебни,

Етимологија [уреди]

Името на системот доаѓа од арапскиот збор за азбука, што е создаден од првите четири букви од арапската азбука.

Наводи [уреди]

  • Wright, W. (1971). „A Grammar of the Arabic Language“ (3rd ed. издание). Cambridge University Press. стр. v. 1, p. 28. ISBN 0-521-09455-0.