Даниела Стил

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Даниела Стил
Роден(а) Danielle Fernandes Dominique Schuelein-Steel
Шаблон:Датум на раѓање,години
Њујорк, Њујорк, САД
Псевдоним Danielle Steel
Занимање Пистаелка
Националност Американка
Период 1978–сеуште
Жанрови романси, семејни романи

Потпис

daniellesteel.com

Даниела Фернанд Доминик Шулејн - Стил (англиски: Danielle Fernande Dominique Muriel Emily Schuelein-Steel) (родена на 14 Август, 1947, Њујорк) подобро позната како Даниела Стил, е Американска новелистка романсиер и автор на познати драми.

Најдобро позната по новелите, таа има продадено над 580 милиони копии од нејзините книги (од 2005та година) на светско ниво. На 7ма позиција е од рангот на најдобри писатели на бестселери на сите времиња. Нејзините новели се наоѓаа 390 последователни седмици на листата од бестселери во весникот Њујорк Тајмс, од кои 22 се екранизирани.

Биографија[уреди]

Рани години[уреди]

Нејзините родители се Џон Шулејн Стил, еден од основачите на Löwenbräu пивото, и Норма Да Камара Стоне Рис, ќерка на португалски дипломат. Поголемиот дел од детството Стил го има поминато во Франција, каде од рани години била дел од семејните вечерни забави, со кои добила можност да ги види навиките и животот на богатите и славните. На седумгодишна возраст нејзините родители се разведуваат, меѓутоа таа израснува со татка си во Њујорк, додека мајка и’ се сели во Европа и ретко ја гледа.

Стил како дете започнала со пишување на раскази, а во подоцнежните тинејџерски години со пишување поезија. Матурирала во Lycée Français de New York, генерација 1965. Продолжува со студии по литература и мода, со почеток во Парсон училиште за дизајн ,а подоцна на универзитетот во Њујорк од 1963-1967 година

Рана кариера[уреди]

Во 1965 година, на 18 годишна возраст се мажи за банкарот Клод-Ерик Лазард. Како млада жена и студент на универзитетот на Њујорк, Стил започнува со пишување, при што во следната година ја комплетира првата ракотворба, на 19 годишна возраст. По раѓањето на нејзината ќерка Беатриса во 1968 година, работи во агенција за маркетинг, а подоцна во агенција за односи со јавност во Сан Франциско. Клиентите се импресионирани од нејзините извештаи и ја охрабруваат да се сконцентрира на пишување книги.

Приватен живот[уреди]

По 9 годишен брак, врската со сопругот завршува. Набрзо пред разводот таа ја завршува својата прва новела, „Одам дома“ и успешно ја издава. Во неа е содржана тематика во нејзиниот препознатлив стил, во која се зборува за домаши проблеми, и дејства преземени во минатото кои би влијаеле на сегашноста и иднината. Стил повторно се мажи, во затворска церемонија со Дени Цугелдер. Бракот завршува за брзо време. Подоцна Цугелдер е обвинет за серија на силувања. Стил се мажи по трети пат, со Вилијам Тот, зависник од хероин, следниот ден откако нејзиниот развод со претходниот сопруг е завршен, а била во крајот на бременоста со дете од Тот. Бракот трае две години, по кои Стил успешно се изборува да ја поведе родителската грижа за синот Николас во целост. Инспирирана од своите лични романтични неуспеси, ја пишува книгата „Ветување на страста“, во која се работи за женски лик кој се вљубува во поранешен затвореник. Кратко по разводот со Тот, Стил ја издава книгата „Сеќавање“, во која главниот машки лик е зависник од хероин. Стил се мажи по четврти пат во 1981 година, со трговец на вина – Џон Траина. Траина го посвојува нејзиниот син Ник и му го дава презимето, а пак Стил ги посвојува неговите два сина – Тревор и Тод. Од овој брак ќе имаат уште пет деца: Саманта, Викторија, Ванеса, Макс и Зара.

Во почетокот на овој брак со четвртиот сопруг во 1981 година, таа се искачува на листата бестселери според весникот Њујорк Тајмс. Во 1989 година, таа е запишана во Гинисовата книга на рекорди, за дело кое се наоѓало на листата од бестселери според весникот Њујорк Тајмс за највисок број на последователни недели – 381 недела редоследно. Откако е објавена нејзината прва книга, секоја од нејзините новели котирала на листата од бестселери. Во 1984 година ја издава книгата со поезија: Љубов-Поеми. За младата популација, има напишано 10 книги. Овие книги, познати под името „Maкс и Марта“ имаат цел да им помогнат на децата да се соочат со вистинските животни проблеми: ново бебе, ново училиште, загуба на саканата личност итн. Стил е автор на серијата „Фреди“. Овие четири книги отсликуваат други вистински ситуации од животот: прва ноќ надвор од дома, одење на лекар итн. За да посвети колку што е можно повеќе време на своите деца, Стил најчесто пишува навечер, со само четири часа спиење, за да биде со децата во текот на денот. Стил е високо продуктивен автор, која издава по неколку книги во годината. Нејзините способности содржат истовремено работење пет проекти.

Николас Траина[уреди]

Во 1993 Стил обвинува писател, кој се обидува да објави биографска книга за Стил во која вели дека нејзиниот син Николас го воспитува поранешниот сопруг Вилијам Тот, а не сегашниот Џон Траина. Постапката се поведува на суд во Калифорнија, каде уставното тело решава книгата да биде објавена. До тоа време, никој од децата кои ги имаат со Траина не знаеле дека Николас е дете од претходен сопруг. Во нејзината биографска публикувана книга се објавуваат и останати детали од нејзиното минато. Нејзиниот брак со Траина се распаѓа, а по разводот, таа го користи искуството да ја напише „Злоба“, во која се зборува за среќен брак кој е уништен од таблоидите кои го откриваат минатото на една жена. Николас Траина извршува самоубиство во 1997 година, како резултат на душевно растројство и користење на дроги. Траина е главен вокал на панк бендовите „Линк 80“ и „Знаење“ од Сан Франциско. Во чест на негово сеќавање, Стил пишува книга со име “Неговото чисто светло“ во која се зборува за животот и смртта на Николас. Оваа книга ќе се најде на врвот од бестселерите во весникот Њујорк Тајмс. Стил основа фондација во негово име, која е посветена на борба против душевните растројства

Од 1997 година до денес[уреди]

Стил се мажи по петти пат, за финансиер од Силиконската Долина - Том Перкинс. Бракот трае помалку од две години и завршува во 1999 година. Новелата “Клонот и јас“ е инспирирана од шега помеѓу Стил и Перкинс. Во 2006 година, Перкинс ја пишува новелата “Сексот и зилионерот“ и ја посветува на Стил. После години од континуитетно пишување, во 2003 година, Стил прави пауза од четири месеци, за да отвори уметничка галерија во Сан Франциско. Галеријата е затворена во 2006 година. Во 2006 година Стил потпишува договор со Елизабет Арден за лансирање на нов парфем со име Даниела. Парфемот направен од мандарина, јасмин, орхидеа, ружа, килибар е достапен само во одредени продавници. Целната група на овој парфем се читателите на нејзините новели и верува дека овој парфем ја опишува нејзината личност. Стил живее во Сан Франциско, но поседува куќа на плажа во Сен Тропе-Франција, каде поминува по неколку месеци во годината. Taa се смета за срамежлива личност, и ретко дава интервјуа за медиуми или настапи во јавност, со цел да ги заштити своите деца. На 25 август 2009 година, гувернерот на Калифорнија Арнолд Шварценегер и Мариа Шривер објавуваат дека Стил треба да биде една од 13те личности во Куќата на Славните со локација во Калифорнискиот Музеј. Церемонијата се одржа на 1 декември 2009 година во Сакраменто, Калифорнија.

Творби[уреди]

Новелите на Стил се преведени на 28 светски јазици и можат да се најдат во 47 земји. Нејзините дела најчесто вклучуваат ликови кои се во криза и имаат опасност во нивните врски. Ликовите се сметаат за "над можностите", правејќи ги нејзините книги помалку реалистични. Новелите често го истражуваат светот на богатите и славните. Пропорционално на времето, нејзиното пишување доживува еволуција. Нејзините подоцнежни хероини се претставени како силни и авторитетни ликови, кои доколку не го добијат посакуваното ниво на почит и внимание, преминуваат на нова врска. Од критичарите добива заклучоци дека нејзините книги се премногу детални, во кои сториите се раскажани, при што се намалува можноста читателот да ја доживее книгата

За да ја исклучи можноста за споредба со претходните новели, Стил не пишува продолженија од истите. Почетните книги се отпечатени во 1 милион примероци, но од 2004 година, нејзините издавачи ја намалуваат оваа бројка на 650 000, како последица на глобалното намалување со продажба на книги. Сепак, таа има екстремно многу обожаватели и нејзините книги одлично котираат во читателскиот свет. Дваесет и две нејзини книги се адаптирани за телевизија, од кои две од нив имаат номинација за Златен Оскар. Едната е „Богатство", во која се зборува за жена која со своето дете ја преживува Втората Светска војна и повторното фамилијарно соединување претставено како најголемо богатство. Ја одбива соработката за филмски права на нејзините новели кон компаниите кои биле со цел да ги објават на телевизиски екрани, наспроти идејата од новелите да се работи филм.

Columbia Pictures е првото филмско студио со кое склучува соработка за филм. Студиото ги откупува правата за новелата „Дуx" во 1998 година. Во 2005 година, постигнува договор со New Line Home Entertainment за продажба на филмски права за 30 новели. Оваа филмска куќа се очекува да ги адаптира новелите за ТВ серии.

Дела[уреди]

Надворешни врски[уреди]