Грб на Узбечка ССР

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Грбот на Узбечката ССР

Грбот на Узбечката ССР бил усвоен на 14 февруари 1937 година, од страна на владата на тогашната Узбечка ССР. Грбот се базира на грбот на СССР. Прикажува симболи на земјоделието (памук и пченица), а во позадината се наоѓа изгрејсонце, симбол на иднината на континентото. На грбот се наоѓа и црвена ѕвезда и срп и чекан, симболи на комунизмот. Во склоп на грбот се наоѓа и мотото на СССР "Пролетери од сите земји, обединете се!" напишан на узбечки и руски јазик. На дното на грбот се наоѓа и натписот "Ўз. С.С.Р.", узбечка скратеница за "Узбечка Советска Социјалистичка Република".

Грбот бил на сила се до 1992, кога бил заменет со денешниот грб на Узбекистан.

[уреди] Поврзано

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици