Грб на Сојузот на Советските Социјалистички Републики

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грб на Сојузот на Советските Социјалистички Републики
Подробно
ГрбоносецСССР СССР
Усвоен6 јули 1923
ШтитГлобус; Срп и чекан
ДржачиEars of wheat
МотоПроилетери од сите земји, обединете се!
Други елементиЦрвен ѕвезда

Државниот грб на Сојузот на Советските Социјалистички Републики (руски: Государственный герб СССР) бил усвоен во 1924 се користел сè до падот на СССР во 1991. Техничко речено, тоа било повеќе државен амблем отколку државен грб, со оглед на тоа што не ги почитувал хералдичките правила. И покрај тоа, на руски бил секогаш именуван како герб, збор кој традиционално значи традиционален грб.

Државниот грб ги прикажува традиционалните советски амблеми на срп и чекан, црвената петокрака над еден глобус, како и два класа жито покриени со државното мото на СССР напишано на службените јазици на републиките на СССР, во обратен редослед од оној во кој се наоѓале во уставот на СССР. Затоа, верзијата користена во 1991 го имаше државното мото на 15 јазици, со отстранувањето на финската верзија со укинувањето на Карело-Финската Советска Социјалистичка Република и нејзиното формирање како Автономна Советска Социјалистичка Република (АССР) на Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република во 1956.

Секоја Советска Република (ССР) и Автономна Советска Република (АССР) имале свој грб инспириран од државниот грб на СССР.