Прејди на содржината

Градиште (Горна Лешница)

Координати: 41°55′41″N 21°3′47″E / 41.92806° СГШ; 21.06306° ИГД / 41.92806; 21.06306
Од Википедија — слободната енциклопедија
Градиште

Карта

Местоположба 41°55′41″N 21°3′47″E / 41.92806° СГШ; 21.06306° ИГД / 41.92806; 21.06306
Основни податоци
Место Горна Лешница
Општина Желино
Тип

 населба


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Градиштеархеолошко наоѓалиште во тетовското село Горна Лешница. Претставува утврдена населба од доцноантичко време.[1]. Се наоѓа на западниот раб од селото, од десната страна на Лешничка Река, на самата граница со Долна Лешница каде има висок рид со зарамнето плато на кое се распознаваат темели од објекти и од одбранбен бедем. На површината има грамади од кршен камен, фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Според местоположбата, населбата имала военостратегиско значење да го штити преминот преку реката.[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  2. Trifunovski, Jovan F. (1976). Polog (Etudes Anthropogeographiques) (француски) (1. изд.). Belgrad: Academie Serbe des Sciences et des Art.