Брикул (Луковица)

Координати: 41°53′20″N 21°9′20″E / 41.88889° СГШ; 21.15556° ИГД / 41.88889; 21.15556
Од Википедија — слободната енциклопедија
Брикул

Карта

Местоположба 41°53′20″N 21°9′20″E / 41.88889° СГШ; 21.15556° ИГД / 41.88889; 21.15556
Основни податоци
Место Луковица
Општина Желино
Тип

 кастел


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Брикулархеолошко наоѓалиште во тетовското село Луковица. Претставува доцноантички кастел спекула. Се наоѓа над речното корито на Треска, односно езерото Козјак. Во наоѓалиштето се видливи 3 утврдени сегменти. Мала триаголна акрополка на врвот, близок предѕид што затворал долга станбена тераса и големо западно подградие. Од врвот се гледаат фантастични визури. На север североисток има директна визуелна врска со Кале, Барово. На југ југоисток врска со Градец, Здуње. На запад југозапад е блискиот рановизантиски кастел Кале Јасики под Кодра Наљт, Седларево. Наодите во Брикул се главно со воен карактер. Железни фибули за прицврстување војнички шинели. Железни врвови од стрели.

Зборот Брикул има античко потекло. Во основата е Брик со деминутивот ул (дете, детуле).[1][2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Елизабета Димитрова, Виктпр Лилчиќ, Кате Антеска, Александар Василевски -Матка културно наследство, Скопје 2011.
  2. Виктор Лилчиќ, Матка низ вековите, Скопје 1995
  3. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069