Горе во воздухот
| „Горе во воздухот (Up in the Air)“ | |
Официјален постер |
|
| Режирано од | Џејсон Реитман |
|---|---|
| Продуцент | Иван Реитман Џејсон Реитман |
| Сценарист | Шелдон Тарнер и Џејсон Реитман(сценарио) Валтер Кирн (книга) |
| Настапуваат | Џорџ Клуни Вера Фармига Ана Кендрик Софија Лорен |
| Музика | Ролф Кент |
| Дистрибутер | Paramount Pictures |
| Премиера | 5 декември 2009 19 февруари 2010 |
| Времетраење | 109 мин. |
| Држава | |
| Јазик | англиски |
| Буџет | $25,000,000[1][2] |
| Бруто заработка | $97,231,359 |
Горе во воздухот (англиски: Up in the Air) е американски драма – филм од 2009 год. Филмот е режиран од веќе докажаниот професионалец Џејсон Реитман, кој пред две години се појави со одличната драма Џуно. Овој филм е адаптација на истоимената книга од 2001 година. Поради својата тематика филмот е снимен на разни места како Лас Вегас, Детроит, Невада, Мајами, Мичиген, Омаха.
Повеќе критичари и филмски фестивали го прогласија филмот како еден од најдобрите за 2009 година. А шесте номинации за Златен Глобус и Оскар го докажуваат истото дека филмот навистина е еден од поквалитетните за 2009 година.
Премиерата на филмот во Македонија беше на 19 февруари 2010.
Содржина |
[уреди] Кратка содржина
Рајан Бингем (Џорџ Клуни), е типичен вработен човек кој патува со авион од град во град, а неговата работа е да отпушта луѓе. Својот живот Рајан го поминува на американските аеродроми, хотели и изнајмени автомобили. Сé што него му треба, е внатре во патната торба на тркала. Тој е елитен корисник на секоја патничка програма која ги наградува своите корисници и она што сите го сакаат е да го достигнат бројот од 10 милиони наградни милји. Меѓутоа, во животот на Рајан не постои ништо со нешто што тој е навистина поврзан.
Кога неговата работа ќе ја заинтересира сопатничката Алекс, шефот на Рајан, под влијание на младата Натали, го известува дека е крај на неговото патување. Соочен со можноста за трајно “приземјување“ кое истовремено делува и застрашувачки и привлечно, Рајан почнува да размислува за тоа како би било навистина да има дом.
[уреди] Улоги
- Џорџ Клуни - Рајан Бингем
- Вера Фармига - Алекс Горан
- Ана Кендрик - Натали Кинер
- Џејсон Бејтман - Крег Грегори
- Ејми Мортон - Кара Бингем
[уреди] Белешки
- ↑ Abramowitz, Rachel. „Jason Reitman firmly at the controls in 'Up in the Air'“, „Los Angeles Times“, 2009-11-29. Проверено на 2009-11-29.
- ↑ Schuker, Lauren A.E.. „Director Jason Reitman on 'Up in the Air'“, „Wall Street Journal“, 2009-11-27. Проверено на 2009-11-29.
