Голија

Координати: 43°20′16″N 20°16′36″E / 43.33778° СГШ; 20.27667° ИГД / 43.33778; 20.27667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Голија
Врвот Јанков Камен
Највисока точка
Надм. вис.1833 м [1]
Координати43°20′16″N 20°16′36″E / 43.33778° СГШ; 20.27667° ИГД / 43.33778; 20.27667
Географија
Голија на карта

Карта

МестоЗападна Србија
Матичен венецДинариди

Голија — планина во Југозападна Србија, западно од Рашката Област, чиј највисок врв е Јанков Камен (1.833 метри). Се наоѓа на 40 км југозападно од Ивањица и 32 км северно од Нови Пазар.

Географски одлики[уреди | уреди извор]

Голија припаѓа на внатрешната зона на Динаридскиот Планински Систем. Се протега во насоката исток-запад со должина од околу 32 km. Во западниот дел е извиена спрема југ, а во источниот дел спрема север. Два доминантни врвови се највисоките врвови Јанков Камен (1.833 m) и Црн Врв (1.795 m). На Голија се наоѓаат многубројни реки кои ги расчлениле нејзините страни: Студеница (река), Брвеница (река), Моравица, итн.

Голија борба на светлоста

Планината Голија е обрасната со букова шума на северните, североисточните и источните експозиции. Најголемата површина под бука се наоѓа на Црниот Врв (Бисерна Вода). Висинскиот интервал на буката е доста широк, од 500 до 1.000 m надморска височина. Под појасот на бука е појасот на даб. Над појасот на бука се наоѓа појас од мешани, буково-елови и буково-смречни шуми. Над 1.700 m е застапена само смрека. Постојат интересни сорти смрека кои неодоливо личат на оморика, а два такви примерока растат покрај реката Голијска и се заштитени. Комплексот мешани шуми од ела, смрека и бука на локацијата над Лутите ливади е заштитен на површина од 30 ha од 1950 година. Заштитен е и резерватот на шумата од смрека, ела и бука во областа 8,5 ha кај Јанков Камен.[2]

Оваа планина веројатно го добила своето име поради нејзината големина - голема. Огромни пространства, сурова клима и густи шуми се причината зошто месното население честопати вели: „Не знае Голија што е делија“. Тешко е да се помине планината без теренско возило или коњ, па затоа е тешко да се сретнат планинари тука. Највисоката точка на планината е рамниот, незабележителен Јанков Камен, висок 1.833 m. Според народното предание, двајцата браќа, Рајко и Јанко, се обложиле кој прв ќе го однесе поголемиот камен на врвот на Голија. Рајко брзо го носел својот камен и близу до врвот дел се сопнал и го испуштил и каменот паднал во потокот. Јанко полека го носел својот камен, но безбедно стигнал до врвот. Оттука, врвот на Голија се нарекува Јанков Камен, а потокот во кој се стркалал Рајковиот камен, жителите го нарекуваат Рајков Поток. Поради непропустливата геолошка подлога и изобилството на врнежи, планината е богата со вода. Летото е свежо, а зимата е студена со многу снег кој останува долго време. Поради значителното средоземно влијание на климата во долините Ибар, Студеница и Моравица тие се многу попријатни. На Голија успеваат житарките, компирите, има многу овошни дрвја, а во последните години се зголемил бројот на малинарници. Сепак, ова земјиште е најпогодно за шуми и ливади.[3]

Клима на Голија[уреди | уреди извор]

Климата на Голија е одредена според географската положба, разновидноста на релјефот, надморската височина, растителноста и други фактори. Голија е подрачје со најмногу снежни денови во Србија, снегот се задржува близу пет месеци и достигнува просечна висина од 105 см.

На Голија се издвојуваат три климатски региони: – долински со брдски (до 700 м) во кој преовладува умерено-континентална клима; – преоден регион (700-1.300 м) се одликува со долги и остри зими со обилни врнежи од снег; а летата се свежи и кратки со ладни ноќи и топли денови; – планински регион (од 1.300 м), се одликува со долги и остри зими со многу снег; летата се кратки и свежи, проладени со повремен ветер или чести врнежи од дожд; пролетта и есента се ладни со чести врнежи.

За разлика од соседот Копаоник, самата Голија има многу попитома клима со голем број снежни денови. Многу погоднa за летен туризам и луѓе кои сакаат да го најдат својот мир на чист воздух и недопрена природа. Самата географска положба е погодна за влијание на различните клими на самата планина. Како таквa, тaa е погоднa за развој на сточарство и одгледување на ретки земјоделски култури. Климатските фактори влијаеле и на самата земја. Од таа причина, оправдано денес се вели дека земјиштето на Голија е многу плодно, а особено погодно за развој на овоштарство.

Летата на Голија се многу свежи, а зимите имаат сегменти од алпски планини. Снегот не е невообичаен до јуни. Затоа, со гордост може да се каже дека климата на самата планина е погодна за лекување на голем број болести: хронични респираторни заболувања, како што се бронхитис, астма и емфизем; кај разни крвни заболувања како што се тромбоцитопенија, леукопенија, злоќудна хемопатија и анемија.[4]

Туризам[уреди | уреди извор]

Туристичките вредности на геоморфолошките одлики на планината Голија се огледуваат во пространите пасишта 1.200 - {м} - и на врвовите над 1.400 m. Голија има добра основа за формирање скијачки патеки и за рекреација во форма на нежни прошетки и пешачење во скоро недопрена природа. Туризмот во Голија се развива со брзо темпо; во последните 10 години, Голија доби модерни и добро одржувани скијачки терени, жичари и придружни скијачки објекти. Во текот на зимата, гостите доаѓаат од цела Србија и странство. Туристите ја посетуваат и Голија на лето. Има хотел „Голија“ на Одвраќеница, и хотел „Голијска Река“ од страната на Ивањица.

Владата на Република Србија во јули 2001 година, донела уредба со која подрачјето на планината Голија го ставила под заштита како „Парк на природата Голија“ и го рангира во 1-ва категорија на заштита како природно добро од исклучителен карактер. Прецизно се дефинирани границите на паркот кои ги опфаќа подрачјето на општината Ивањица, Краљево, Рашка, Нови Пазар и Сјеница – вкупната површина изнесува 75.183 ha, а во нив области со прв, втор или трет степен на заштита. Една од работите што се обезбедува во областа на Паркот на природата Голија е уредување и инфраструктурно опремување на просторот за потребите на туризмот и рекреацијата. Јавното претпријатие „Србија шуми“ се грижи за паркот на природата Голија. Во истата година, бил дефиниран резерват за биосфера наречен Голија-Студеница во границите малку поинакви од природниот парк, но со меѓународно признат статус во рамките на УНЕСКО-вата MAB програма.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Мала енциклопедија Просвета (3. изд.). Београд: Просвета. 1985. ISBN 978-86-07-00001-2. Отсутно или празно |title= (help)
  • Марковић, Јован Ђ. (1990). Енциклопедијски географски лексикон Југославије. Сарајево: Свјетлост. ISBN 978-86-01-02651-3.CS1-одржување: ref=harv (link)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Jovan Đokić. „Katalog planina Srbije“. PSD Kopaonik Beograd. Архивирано од изворникот на 18 мај 2011.
  2. „Тифран: Планине pristup 11. februar 2020“. Архивирано од изворникот на 25. 06. 2011. Посетено на 11. 02. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |archive-date= (help)
  3. Политика: Незна Голија шта је делија pristup 11. februar 2020
  4. „GolijaInfo: Klima na Goliji pristup 11. februar 2020“. Архивирано од изворникот на 28. 01. 2020. Посетено на 11. 02. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |archive-date= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]