Гиро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грчки гира

Гиро (грчки: γύρος) — јадење од грчката кујна, слично на турскиот донер (донер-ќебап) или арапската шаварма. Разликата е во тоа што гирото може да се направи со пилешко или свинско месо, со помфрит, кромид и сос цаѕики. Во Грција најчесто се приготвува со свинско или пилешко, додека во другите земји е вообичаено говедско, пилешко и јагнешко месо. Гирата обично се служат завиткани во пита леб, заедно со состојки како што се домати, кромид и сос цаѕики. Месото се зачинува со сол и мелен црн пипер.[1]

Во земјите од Средна ЕвропаУнгарија, Чешка, Словачка итн. — името гиро може да значи секој производ од типот на шаварма завиткан во рамен леб.[2]

Име[уреди | уреди извор]

Името доаѓа од грчкото γύρος (gyros, „круг“ или „вртење“). Тоа е преведеница на турскиот döner, од dönmek, што исто значи „вртење“.[3]

Потекло[уреди | уреди извор]

Гирото потекнува од турскиот донер-ќебап, а првично бил донесен во Солун, од каде што се шири во различни варијации низ Грција, како и во Кипар. Во Грција обично месото е свинско или пилешко, но на некои места може да се види јагнешко или телешко, додека во Кипар гирото обично се прави од свинско или пилешко. Во Атина, но и низ цела Грција „питата гиро“ покрај месо ќе содржи и цаѕики, домати, кромид и помфрит. Меѓутоа, некои места нудат различни алтернативи на класичните состојки. Гирото со свинско месо ќе се служи со сос цаѕики, додека додатоците на пилешкото се менуваат од продавница до продавница, но најчесто се користи мајонез помешан со сенф, на грчки наречен „σως“ или „сос“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Simopoulos, Artemis P.; Bhat, Ramesh Venkataramana Bhat, уред. (2000). Street foods. Basel: Karger. стр. 6. ISBN 9783805569279. OCLC 41711932. Архивирано од изворникот 2023-03-07. Посетено на 2019-03-17.
  2. Segal, David (2009-07-15). „The Gyro's History Unfolds“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Посетено на 2023-11-07.
  3. Babiniotis, Λεξικό της Ελληνικής Γλώσσας

Надворешни врски[уреди | уреди извор]