Гарска пастрмка
| Гарска пастрмка | |
|---|---|
| Заштитен статус | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Животни |
| Тип: | Хордати |
| Класа: | Зракоперки |
| Ред: | Лососовидни |
| Фамилија: | Лососи |
| Род: | Пастрмки |
| Вид: | Гарска пастрмка |
| Биномен назив | |
| Salmo obtusirostris (Heckel, 1851) |
|
| Подвидови | |
|
|
Гарска пастрмка (Salmothymus obtusirostris) е вид на риба од фамилијата Лососи (Salmonidae). Живее во Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Црна Гора, како и Македонија. Нејзиното природно живеалиште се реките.
Во Македонија живее во Радика и нејзината притока Гарска Река, како и во притоки на Охридското Езеро. Уште ја има и во притоки на Скадарското Езеро. Главата е мала, а телото прилично широко. Забите се слабо развиени. Горната вилица допира се до под долниот очен раб. Лушпите се ситни, но се нешто поситни од кај радичката пастрмка, а се помали отколку кај мекоусната пастрмка. Слична е на мавровската пастрмка, од кој се разликува по збиеното тело и нешто подолгата глава, како и окото, кое е релативно поголемо. Најсигурна одлика за разликување од мавровската пастрмка е значително поголемата ширина на задниот дел на горната вилица кај гарската пастрмка. Разлики постојат и во бојата на телото и пигментацијата; кај гарската пастрмка црните флеки се поситни и се групирани во предниот дел на телото а ројот на пилорични израстоци изнесува просечно 46,5.
[уреди] Наводи
- ↑ Crivelli, A.J. (2006). Salmo obtusirostris. „Црвен список на МСЗП - Загрозени видови“ од 2006 год. МСЗП 2006. Вчитано на 25 септември 2009.
- Crivelli, A.J. 2005. Salmothymus obtusirostris. 2006 IUCN Red List of Threatened Species. Симнато на 5 август 2007.
