Вицекралство Нова Шпанија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Вицекралство Нова Шпанија (шпански: Virreinato de Nueva España) претставувало вицекралство кое било под директно влијание на Кралство Шпанија во периодот од 1535 до 1821 година. Териториите на ова вицекралство се наоѓале во Северна Америка, односно териториите на денешните држави: Мексико, југозападните делови на САД и Флорида, Гватамела, Белизе, Никарагва, Салвадор, Коста Рика и Куба, како и Филипините и други острови во Тихи океан.
Нова Шпанија била раководена од страна на вицекрал, кој бил директно назначуван од страна на кралот на Шпанија. Првиот вицекрал на Нова Шпанија бил Диего Колумбо, син на Кристофер Колумбо кој во 1509 година градот Санто Доминго го избрал за своја престолнина. По 26 години, престолнината била преместена во Мексико Сити.
Улогата на вицекралот во вицекралството дирекно ја определувал кралот на Шпанија. Тој командувал со војската, избирал кандидати за виши црковни училишта, имал контрола врз сите колинии во северна и Јужна Америка, но немал право да воведува нови закони и неговиот мандат бил ограничен.
По поразот во 1821 година од страна на мексиканците предводени од Агустин де Итурбид, Шпанија ги загубила сите територии во Северна Америка. Куба и Филипините останале под нејзиното владеење до 1898 година.
|
||||||||||||||