Вилијам Валас

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Вилијам Валас

Сер Вилијам Валас (гелски: Uilleam Uallas) (1270-1305) бил витез и шкотски патриот кој предводел отпор против англиските окупатори во Шкотска во текот на војните за независноста на Шкотска.

Вилијам Валас бил роден близу Писли, Шкотска, кој бил брутално убиен во 1305. Тој ја доживеал истата судбина како Велскиот лидер Дафуд ап Графид пред 22 години порано, од исти причини: двајцата биле храбри пред моќта на Анлиската круна, двајцата имале храброст да издигнат армија против Едвард I и двајцата се бореле за независноста за нивните нации. Во врска да ја разбереме Валасовата важност во историјата на неговата земја ние треба да погледнеме во ситуацијата на Шкотска дека тој бил водач и лидер на неговиот народ, кој бил под вакум на тогашниот Роберт Брус, кој не бил подготвен да почувствува дека бил сигурен за успех.

Новата битка за контрола на Шкотска почнала по смртта на Александар III во 1286, оставајќи и го водството на неговата внука Маргарет, детето на ќерката на кралот на Норвешка. Англискиот крал Едвард сакал да го комлетира субјектот на Шкотска со тоа што било предложено Маргарет да се омажи за неговиот син. Условите биле Шкотска да биде одделена односно независно кралство. Едвард сакал да ги задржи англиските војници во број во шкотските замоци. Тој се крунисал како крал на Шкотска и кажал дека ќе одговара на прашањата само на неговиот народ. Тој отишол на север да добие замјиште од голем број на шкотски власници како нивни феудален сопственик, а меѓу нив бил и Роберт Брус кој поседувал земја во Англија. Едвард го казнил предаството на Роберт Брус дознавајќи за неговата земја во Шкотска и давајќи ја на неговиот зет Џон Комун.

Доаѓањето на англиските армии северно од границите се добило до потреба на нов Шкотски лидер. Валас го убил Вилијам Хесепирс англискиот шериф на Ланарк во мај 1297 за да го одмазди убиството на Марион Брадфуд од Ламингтон која била негова невеста.Брзо тој издвоил и победа во Лондон Хил близу Дарвел Шкотска. Тој се борел заедно со Сер.Вилијам Даглас.Вилијам Валас се борел во градовите Абердин, Перт, Глазгов, и областите северно од Шкотска каде издвојувал победа. Во 1296/97 тој ке биде наречен Валас лидерот. На 11 септември 1297 Валас ја победил битката кај мостот Стирлинг. Шкотските сили на чело со Валас и Андреј Мари ја победила англиската армија. Англиската професионална армија од 3000 коњаници и 10.000 копнена војска се сретнале со катастрофа при преминување на северната страна од реката. На мостот не можело да поминат многу војници заедно, па додека поминувала англиската војска Шкотите се задржувале позади чекале додека пола од англиската војска премине па потоа ги убивале. Но, Валас големата победа ја издвојувал затоа што англиската коњаница неможела слободно да поминува и била победувана на мостот. По враќањето од битката кај мостот на Стирлинг, Валас бил крунисан како витез заедно со неговите сојузници: Џош Гракам и Вилијам Граборд. Роберт Брус, Валас го именувал како чувар на Шкотска и лидер на армиите. Година подоцна на 1 април 1298 Валас ја изгубил битката кај Фалкрик. Во Фалкрик Англичаните ја разбиле шкотската војска. Овојпат Англиската коњаница можела да маневрира и да ја победи војната. Во Фалкрик била голема загуба за Валас. По долгодишното криење тој најпосле бил фатен во 1305 и донесен во Лондон да умре како предавник и пред да умре кажал дека не бил предавник на Едвард, бидејќи Едвард не бил негов крал. И последниот збор од устата на Валас било “Да живее Шкотска”.