Средноирски јазик

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Средноирски
Gaoidhealg 
Изговор: г'јелг [ˈɡɯːʝeɫɡ]
Зборуван во: Ирска, Шкотска, Ман
Исчезнување: Се развил во Ранонововековен ирски околу XII век
Јазично семејство: Индоевропски
 Келтски
  Островски келтски
   Гелски
    Средноирски 
Писмо: Латиница
Јазични кодови
ISO 639-1: нема
ISO 639-2: mga
ISO 639-3: mga

Средноирскиот јазик (средноирски: Gaoidhealg, изговор: г'јелг, МФА: [ˈɡɯːʝeɫɡ]) е назив кој историските филолози му го имаат дадено на гелскиот јазик кој се зборувал од XX до XII век; затоа стој се смета за современик на доцниот староанглиски и раниот средноанглиски јазик.[1][2] Современите гелски јазици: ирскиот, шкотскиот гелски и манскиот произлегуваат од средноирскиот јазик.

Во врвот на неговата распространетост, средноирскиот јазик се зборувал ширум Ирска, Шкотска и Манскиот Остов; од Манстер до северноморскиот остров Инчколм. По географски опсег ова бил најраспространетиот од сите островски јазици пред доцниот XII век, кога средноанглискиот јазик почнал да се шири во Ирска, и многу келтски региони во северна и западна Британија.

Ретко кој средновековен европски јазик може да се мери со средноирскиот по книжевниот обем и зачуваната литература. Зачувувањето на јазикот во голема мера се должи на истрајноста на неколкумина ирски старинари од раното ново време, но самиот обем на зачувани саги, летописи, хагиографии, и тн., укажува на тоа колкава доверба средновековните гелски учени редови имале во својот вернакулар. Речиси сѐ од Ирска е зачувано, но многу малку од Шкотска и Ман.

Наводи[уреди]

  1. Mac Eoin, Gearóid (1993). „Irish“. in Martin J. Ball (уредн.). „The Celtic Languages“. London: Routledge. стр. 101–44. ISBN 0-415-01035-7. 
  2. Breatnach, Liam (1994). „An Mheán-Ghaeilge“. in K. McCone, D. McManus, C. Ó Háinle, N. Williams, and L. Breatnach (уредн.) (на Irish). „Stair na Gaeilge in ómós do Pádraig Ó Fiannachta“. Maynooth: Department of Old Irish, St. Patrick's College. стр. 221–333. ISBN 0-901519-90-1. 

Видете исто така[уреди]