Вилем ван Алст

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мртва природа со цвеќиња (1665)

Вилем ван Алст (хол. Willem van Aelst) (ц. 1626-по 1683) бил холандски сликар кој специјализирал во сликање на мртва природа со цвеќе и дивеч.

Роден е околу 1626 во Делфт, Холандија во семејство на познати градски управители. Научил да слика од чичко му, сликарот на мртва природа Еверт ван Алст. На 9 ноември 1643 ван Алст станува раководител на Свети Лукиниот еснаф во Делфт.

Помеѓу 1645 и 1649 живеел во Франција. Во 1649 ван Алст заминува за Фиренца, каде работел како дворски сликар за великиот војвода на Тоскана, Фердинанд II де Медичи. Во ова време, великиот војвода исто така го вработил и двајца сонародници на ван Алст, Матијас Витос и Ото Марсеј ван Шрик, од кои вториот исто така сликал мртва природа и веројатно извршил влијание врз стилот на ван Алст.

Во 1656 Ван Елст се враќа во Холандија, најпрвин во Делфт, а потоа, во 1657 трајно се преселува во Амстердам. Таму станал еден од најважните сликари на мртва природа на својата генерација. Тој бил учител на сликарката Рахел Рејш и неколку други уметници.

Галерија (хронолошка) [уреди]