Википедија:Избрана статија/2013/48

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бела бреза (Betula pendula)
Бела бреза (Betula pendula)

Бреза (науч. Betula) — род на листопадни дрва од семејството на брезите (Betulaceae), во кое спаѓаат и евлата, леската и габерот, а е во блиско сродство со буките. Опфаќа 30 до 60 таксони, од кои 11 се водат како загрозени на Црвениот список на МСЗП од 2011 г. Брезите се кратковечни пионерски видови, застапени ширум северната полутопка, особено во северните умерени и супполарни краишта. Во Македонија се среќава само белата бреза (Betula pendula). Името на ова дрво се содржи во разни топоними и населени места како Брезово, Брезно и голем број села со името Брезница.

Сите видови брези се мали до средни дрва или грмушки и претежно виреат во умерениот појас. Имаат прости, назменично распоредени листови со единечна или двојна назабеност, пердувести жилички и имаат дршки и прилисници. Кората има карактеристични хоризонтални засеци. Отпорна е на распаѓање поради смолното масло што го содржи. Бојата на кората е различна кај различни видови, поради што постојат видови наречени „сива“, „бела“, „црна“, „црвена“ и „жолта“ бреза.

Брезата има значење во митологијата и верувањата на европските народи, особено Словените и Келтите. Во словенската митологија, на брезине седеле русалките и самовилите бидејќи им прилегале. Според верувањата на келтските народи, брезата симболизира обнова, стабилност и приалгодливост поради нејзината жилавост и приспособливост на разни физички и климатски услови. (Дознајте повеќе...)