Васил Стус

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Васил Стус
Роден(а) Васил Семенович Стус
6 јануари 1938
Рахнивка, Украина
Починал(а) 4 септември 1985 (47 год.)
Кучино, Русија
Занимање поет
Националност Украинец
Сопружник Валентина Попелјух
Деца Дмитро Стус

Васил Семеновик Стус (украински: Васи́ль Семе́нович Стус; 8 јануари, 1938 – 4 септември, 1985) бил украински поет и публицист. Тој бил еден од најактивните членови на дисидентското движење во Украина. Поради неговите политички активности, неговите дела биле забранети во СССР и поминал 23 години (пола од неговиот живот) во затвор. На 26 ноември 2005 година постхумно му била доделена титулата „Херој на Украина“.[1]

Биографија[уреди]

Васил Стус бил роден на 6 јануари 1938 година во семејствот на селани во Рахнивка, Виничка Област, Украина. По една година неговите родители се преселиле во градот Сталино, денес Донецк, а децата се преселиле другата година. Васил се запознал со украинскиот јазик и поезија преку неговата мајка.

По завршувањето на средното училиште, Васил се запишал на Одделот за историја и книжевност на Педагошкиот факултет во Донецк. Во 1959 година, тој ги завршил своите студии. По завршувањето, тој кратко работел како учител во средно училиште, а подоцна служел војска. За време на неговите студии и служењето воен рок, тој започнал да пишува поезија. Исто така тој преведувал поезија на украински, особено од Јохан Волфганг фон Гете и Рајнер Марија Рилке. Неговите преводи денес се изгубени. По воениот рок, тој бил уредник во весникот „Социјалистички Донбас“. Во 1963 година се запишал на докторски студии, а во меѓувреме ги објавил своите поеми. Во 1965 година тој се оженил. Во 1966 година се родил неговиот син Дмитро.

Наводи[уреди]

Дополнителни информации[уреди]

  • Vasyl Stus: Zhyttia yak Tvorchist (Vasyl Stus: Life as Creation), by Dmytro Stus. Kyiv: Fakt, second edition, 2005. 368 pp. -- A biography of political prisoner and writer Vasyl Stus by his son.
  • Kostash, Myrna. "Inside the Copper Mountain" The Doomed Bridegroom: A Memoir. Edmonton: New West Press, 1998. pp 34–70.

Надворешни врски[уреди]