Ване Јованов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ване Јованов
Ване Јованов како играч на Брегалница 2008
Лични податоци
Роден на 28 декември 1998(1998-12-28)(25 г.)
Роден во Штип, Македонија
Висина 1.77 м
Позиција Одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Брегалница 2008
Младинска кариера
–2015 Академија Пандев
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2015-2022 Академија Пандев
2018Брегалница 2008
2022 Вардар
2022 Каменица Саса
2023 Победа
2023- Брегалница 2008
*Настапи и голови само на првенствени натпревари

Ване Јованов (роден на 28 декември 1998 година) ― македонски одбранбен фудбалер.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Младинската кариера ја има започнато во Академија Пандев.

Во 2015 година, односно за сезоната 2015/16, бил вклучен во сениорскиот состав на третолигашот Академија Пандев. Таа сезона, Јованов и Академија Пандев биле прваци во Трета лига - Исток и влегле во Втората лига. Сезоната 2016/17, Академија Пандев со Јованов ја освоиле Втората лига и обезбедиле директен пласман во Првата лига. Сезоната 2017/18 ја започнал во Академија Пандев, но бил даден на позајмица во второлигашот Брегалница 2008 за да игра во втората полусезона.[1] Во сезоната 2018/19, Ване Јованов се вратил во Академија Пандев и со екипата го освоил Купот на Македонија. Сезоната 2019/20, Ѓорѓиев и Борец опстанале во Првата лига поради пандемијата на КОВИД-19 и прекинот на првенството при што никој не отпаднал поради одлуката на ФФМ.[2][3] Во сезоната 2020/21, Ване Јованов со Академија Пандев бил вицепрвак во Купот на Македонија, кога изгубиле на пенали од Силекс. Сезоната 2021/22 ја започнал во Академија Пандев, но го напуштил клубот и втората половина од сезоната ја одиграл во второлигашот Вардар.[4] Сезоната 2022/23 ја почнал во второлигашот Каменица Саса,[5] додека втората половина од сезоната станал играч на прволигашот Победа. Во јуни 2023,[5] тој го сменил клубот за сезоната 2023/24 и се приклучил на родниот клуб Брегалница 2008 кој играл во Првата лига.[1][6]

Почести[уреди | уреди извор]

Јованов (крајно десно) со соиграчите на Академија Пандев ја слават титулата во Купот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Ване Јованов е второ засилување за Брегалница во летниот преоден рок“. ekipa.mk. 27 јуни 2023. Архивирано од изворникот 2023-06-28. Посетено на 9 август 2023.
  2. „ФФМ ПРОГЛАСИ КРАЈ: Нема повеќе фудбал во Македонија!“. gol.mk. 4 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 2020-06-04. Посетено на 9 август 2023.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  3. „ФФМ одлучи: Крај на сезоната – Прекин на Првата лига и Купот на Македонија!“. ekipa.mk. 4 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 2020-06-04. Посетено на 9 август 2023.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  4. Иван Димовски (16 јануари 2022). „Ване Јованов од Академија Пандев го засили Вардар“. sport1.mk. Архивирано од изворникот 2022-01-16. Посетено на 9 август 2023.
  5. 5,0 5,1 Мартин Танасковски (14 јуни 2023). „Ване Јованов се раздели со прилепска Победа“. gol.mk. Архивирано од изворникот 2023-08-09. Посетено на 9 август 2023.
  6. Иван Димовски (27 јуни 2023). „Ване Јованов се врати во редовите на Брегалница“. gol.mk. Архивирано од изворникот 2023-08-09. Посетено на 9 август 2023.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]