Супер лигата за мажи брои вкупно 12 екипи, а натпреварите од првиот дел се играат по еднокружен бод систем од 10 екипи (2 х 9 = 18 кола). Двете екипи кои се учесници во СЕХА лигата имаат загарантирано учество во плејоф фазата.
По завршување на 18. коло од државното првенство – Прв дел, прво пласираните четри екипи од Супер лигата вклучувајќи ги и двете екипи кои настапуваат во СЕХА лигата, играат плејоф за одредување првак на Македонија, учесници во Сеха лигата и пласман во Европските купови. Екипите почнуваат од 0 бодови.
Екипите кои завршиле од 5. до 10. место во првиот дел, играат плеј-аут натпревари, 5 кола Х 2 = 10 кола, односно вкупно 28 кола за секоја екипа. Екипите кои заземаат од 5. до 12. место во плеј-аутот, продолжуваат со освоените бодови од 1.-18. коло во ново направената мини табела составена од резултатите постигнати помеѓу плејаут екипите.
По завршувањето на 28. коло од првенството, 12. пласираната екипа од Супер машката лига ја напушта лигата, а 11. пласираната екипа игра бараж натпревар со 2. пласираната екипа од Првата машка лига за 11. место во Супер лигата. Прво пласираната екипа од Првата машка лига директно влегува во Супер лигата.
1. a : Поради ширењето на заразата COVID-19 од вирусот SARS-CoV-2, Ракометната Федерација на Македонија на 12 март 2020 (после 17 одиграни кола) одлучила, поради безбедноста на ракометните работници, привремено да ја суспендира Супер лигата и останатите натпреварувања организирани од Федерацијата.[3] На 13 мај било одлучено дека првенството нема да добие сезонски првак, а дека лигата ќе биде проширена на дополнително две екипи од Првата лига.[4][5]