Брзо лизгање на Зимските олимписки игри 2010 - 10000 m за мажи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Брзо лизгање на
Зимските олимписки игри 2010
Speed skating pictogram.svg
500 m   мажи   жени
1000 m   мажи   жени
1500 m   мажи   жени
3000 m       жени
5000 m   мажи   жени
10000 m   мажи    
Штафетна трка   мажи   жени
Квалификации


Натпреварите во трката на 10000 m во брзо лизгање во машка конкуренција на Зимските олимписки игри 2010 се одржаа на 23 февруари, со почеток во 11:00 по локално време (UTC-8). Во натпреварите учествуваа 15 лизгачи од 9 земји.

Најголем фаворит за освојување на златниот медал пред почетокот на трката беше Свен Крамер. Во трката, на неколку круга до крајот, тој имаше предност од дури 6 s во однос на Ли Сонг Хун од Јужна Кореја, но наместо да ја замени патеката и продолжи во надворешната, тој повторно влезе во внатрешната патека, со што беше дисквалификуван. Со тоа, олимписки првак стана Ли Сонг Хун, кој постави нов Олимписки рекорд, со време од 12:58,55. По трката, тренерот на Крамер, Герард Кемкерс, ја презеде одговорноста за грешката на својот ученик, додавајќи дека „тоа е најлошиот ден во неговиот живот“.[1]

Рекорди[уреди]

Светски рекорд Холандија Свен Крамер 12:41,69 Солт Лејк Сити, САД 10 март 2007
Олимписки рекорд Холандија Јохем Јутдехаге 12:58,92 Солт Лејк Сити, САД 20 февруари 2002

Освојувачи на медали[уреди]

Злато Сребро Бронза
Јужна Кореја Ли Сонг Хун Русија Иван Скобрев Холандија Боб де Јонг

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]