Божури и незаборавки

Од Википедија — слободната енциклопедија

Божури и незаборавки е расказ од бугарскиот писател Георги Господинов. Оригинално, расказот е објавен во збирката на Господинов со наслов „И други приказни“ од 2001 година. Расказот е објавен на македонски јазик во два наврати, од страна на издавачката куќа „Темплум“: еднаш во 2006 година, во збирката раскази на Господинов со наслов „И други приказни“, а потоа во 2011 година, како дел од збирката „Пат околу светот во 20 раскази“. Преводот од бугарски јазик го извршил Никола Маџиров.

Содржина[уреди | уреди извор]

Еден млад човек се среќава на аеродром со млада жена со чие посредство треба да испрати пакет до некој свој пријател. Додека го чекаат авионот, тие разговараат во бифето и тогаш започнуваат една необична игра во која двајцата измислуваат дека имале заеднички живот и притоа си раскажуваат за некое заеднички случки, кои никогаш не им се случиле. Кога ги повикуваат патниците да се качат на авионот, тие се разделуваат со бакнежи, свесни дека тоа е нивната прва и последна средба. Напуштајќи ја аеродромската зграда, тој се чувствува остарен и не може да се врати кај својата млада жена, ниту пак да и раскаже каде бил во изминатите педесет години, додека бил отсутен од дома.[1] [2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Владимир Јанковски (уредник), Пат околу светот во 20 раскази: Антологија на светскиот расказ, Темплум, Скопје, 2011, стр. 371-375.
  2. Георги Господинов, И други приказни, Темплум, Скопје, 2006, стр. 82-85.